26 Март, 2019
0.0715

Зошто конвертибилните заеми се инјекција за македонскиот бизнис?

Објавено во: Колумни 08 Јануари, 2019

“Guard thy treasure from loss by investing only where the principal is safe, where it may be reclaimed if desirable and where thou will not fail to collect a fair rental” – Gorge S.Clason

Способноста да се обезбеди финансирање за отпочнување на бизнис претставува круцијален тест за основачот. Оваа активност ги присоединува сите важни карактеристики потребни понатаму: креирање на јасна визија, креирање на план за остварување на таа визија и негување на односи со потенцијални партнери.

Во моментов на македонските претприемачи им се достапни следните извори на финансирање на нивните бизниси или идеи: сопствен капитал, кредит од банка, партнер инвеститор кој би зел удел во бизнисот и европски и домашни грантови за развој на бизниси.

Иако горе наведените извори на финансирање звучат како пред овие луѓе да има голем избор на начини преку кои би ги оствариле своите идеи, сепак постојат многу скриени проблеми.

Секојдневно преку работата се среќавам со брилијантни идеи и уште по-брилијатни и енергични луѓе зад тие идеи кои не успеваат да ги реализираат затоа што се соочиле со некој од следните проблеми:

Што ако банката не ни даде кредит ?

Што ако немаме сопствен капитал за отпочнување на бизнисот или кофинансирање на грантот?

Што ако инвеститорот не верува доволно во идејата и бара дисперзија на ризикот или пак ние не сакаме да дадеме удел во компанијата на потенцијален инвеститор?

Премостувањето на сите овие проблеми може да се оствари преку будењето на заспаниот македонски капитал и активирање на потенцијалните инвеститори со примената на конвертибилни заеми.

Од последниот извештај за 2017 на Народната банка за финансиската стабилност на Македонија, во овој момент во Р. Македонија има вкупно 7.5 милијарди евра депозити од физички и правни лица. Огромен потенцијал и огромна сума на пари која може да биде инвестирана во македонскиот бизнис сектор.

Конвертибилни заеми се финансиски производ кој се користи за краткорочно финансирање, структурирани како заем кој има можност да се претвори во удел во компанијата.

Зашто е овој хибриден заем погоден за инвеститорите но и за претприемачите?

Многу често се случува потенцијалниот инвеститор кон кој сме се обратиле да не верува доволно во идејата и се плаши од ризикот или доаѓа во конфликт со барателот околу износот на уделот затоа што е тешко да се процени реалната вредност на бизнисот.

Со помош на овие заеми инвеститорот може целосно да се осигура дека ќе ги добие своите пари назад.

Доколку бизнисот пропадне, заемот ќе му биде вратен заедно со претходно договорената камата, но доколку бизнисот се покаже како успешен, инвеститорот може својот заем да го претвори во удел во компанијата по претходно договорени услови.

Карактеристики на конвертибилните заеми:

1. Камата(Interest)

2. Датумот на достасување - го означува датумот кога заемот треба да му биде вратен на инвеститоротзаедно со која било пресметана камата, ако сеуште не е претворен во удел.

3. Попуст на акција (Discount rate) - Попустот на акцијата во однос на реалната цена на акцијата кој му овозможува на инвеститорот да го претвори главниот износ на нивниот заем (плус каква било пресметана камата). Попустите се движат од 0% до високо како 35%, а 20% е вообичаен износ на попустот.

4. Максимална вредност на бизнисот во која смее заемот да се претвори во удел (Valuation Cap)

Пресметката на уделот се прави преку пресметка со Discount rate или преку Valuation Cap, и се зема повисоката вредност.

Како би изгледало ова во пракса:

Инвеститорот се одлучува да инвестира 30.000 евра во компанија, со кои компанијата би ги обезбедила потребните 30% кофинансирање за грант во износ од 100.000 евра од Horizon 2020.

Заедно со сопственикот на компанијата се согласуваат на следните услови:

-  Датум на достасување – 3 години од потпишување

-  Проценета вредност на компанијата во година 3 - 600.000 евра

-  Попуст на акција во година 3 – 20%

-  Вкупно акции - 100

-  Камата – годишна каматна стапка 4%


Во сценарио 1, инвеститорот може да одлучи да го претвори заемот во акции со што би добил акции во вредност од 40.538 евра, што е поврат на инвестицијата од 33% или пак да си го побара заемот со камата што е поврат на инвестицијата од 8.10%, односно ќе добие 32.431 евра.

Во сценарио 2, инвеститорот единствено може да си го наплати заемот со пресметана камата во износ од 32.431 евра.


Дамјан Кочов

Авторот е магистер на McCombs School of Business дел од Универзитетот на Тексас во Остин, 17 то рангиран универзитет во светот

Можеби ќе ве интересира

Техники на перење пари во сферата на осигурувањето

Техники на перење пари во сферата на осигурувањето

Учителска

Учителска

Назарбаев – идејниот татко на Евроазиската унија, замина за да остане

Назарбаев – идејниот татко на Евроазиската унија, замина за да остане

Колку се реални листите на меѓународните организации?

Колку се реални листите на меѓународните организации?

Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи

Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи