19 Мај, 2024
0.0260

Зошто ММФ војната во Украина ја виде како вовед во нов глобален економски поредок?

Објавено во: Економија 21 Март, 2022

Добивај вести на Viber

Како Европа и поголем дел од светот ќе се справат со огромните кусоци на пченица, пченка, сончогледово масло? И како ќе се соочиме со најсилниот удар врз проиводството на храна кој ќе го диктира целосната забрана за увоз на вештачки ѓубрива (фертилизатори) во комбинација со изгор-скапиот природен гас кој е неопходен во производството на уреа? Безумието во Украина не е само војна... ММФ, во најновиот извештај, се плаши дека оваа војна од корен ќе го смени глобалниот економски поредок затоа што ќе создаде невидена глад и криза за храна

Украина и рускиот дел од Европа се најголемите житници на европскиот континент, а на светско ниво покриваат над 30 отсто од светските потреби за пченица. Во ситуација на воена криза меѓу овие две држави повеќе е од извесно дека годинава цените на пченицата на светско ниво, а особено на европско тло ќе се зголемат во голема мерка. Светот годинава ќе се соочи со 30 отсто пониска понуда од потребните количества пченица затоа што Русија и да има пченица нема да може да ја извезе на запад. А Украина ќе нема пченица затоа што воените дејствија сигурно направиле досега значајни штети, а и прашање е што од засеано ќе може да се ожнее дури и за кратко време да заврши воениот конфликт на нејзината територија. За разурнатите складови и блокираниот морски пат за превоз на пченицата не треба ниту да се зборува.

Оваа новонастаната состојба е веќе апсолвирана и цените на пченицата на светските пазари пораснаа. Сите се подготвуваат да се справат со последиците годинава. Повеќе од очигледно е дека годинава лебот нема да биде храна за сиромашните. А има ли светот алтерматива?Токму заради тоа што лебот е основна храна за најсиромашните ширум светот годинава на удар ќе бидат жителите со најнизок животен стандард и тоа на глобално ниво.

Глобалните стратези веќе предвидуваат потенцијал за дестабилизација на Блискиот Исток и северниот брег на Африка. Зошто? Затоа што, конкретно, Египет – најголема, најбројно населена и по многумина и воено најсилна муслиманска земја на меѓата меѓу два континента и Средоземното море ќе се соочи со извесен огромен кусок на пченица. Ова е извесно дека ќе се случи затоа што Египет покрива 80 отсто од потребите за пченица од увоз од Украина и од Русија. Како ќе се снајде Египет и дали ќе може да ги набави овие количества и дали тоа ќе се обидат да го злоупотребат неговите лути ривали од регионот допрва ќе видиме. Египет е од стратешко значење и за целата европска економија затоа што го контролира Суецкиот канал – најважниот воден пат за транспорт на стоки за Европа и за пласман на европски стоки на далекиот Исток и Австралија.

Официјалните достапни податоци покажуваат дека повеќе од 50 земји во светот се директно и целосно зависни од житото на Украина и на Русија.  Речиси без исклучок на таа листа се државите од северна, централна и централно-источна Африка. Дали недостигот на храна ќе предизвика дополнителна нестабилност и миграции кои можат да ја загрозат и безбедноста на државите од Јужна Европа? Дали бројните неизвесности, миграциите, бегалските кризи и недостигот на храна можат да ја дестабилизираат и стратешки неприкосновената Турција распослана на два континента со значајни деловни операции на блискиот исток, Африка, но и во Русија и во Украина? Се зависи од тоа колку ќе потрае и како ќе заврши војната меѓу Русија и Украина.

Уште два големи дополнителни проблеми за светската и особено за европската економија. Првиот е овој: Русија и Украина покриваат над 70 отсто од светските потреби за масло за јадење произведено од сончоглед и се што повлекува како проблем кусокот на оваа прехранбена состојка. Другиот и веројатно поопасен за решавање е кусокот што ќе се јави особено на европскиот пазар за пченка. Двете завојувани држави покриваат 20 отсто од извозот на пченка на светско ниво. При тоа Украина е четврти најголем извозник на пченка на светот, а Русија е на петто место на таа листа (произведува повеќе, но има многу поголема домашна потрошувачка). Она што треба да не загрижува сите е тоа што пченката е значаен фактор во креирање на крајната цена на месото кое се наоѓа на нашите трпези. Најблаго речено кусокот на пченка од овие две извозни држави ќе ја зголеми цената на месото затоа што пченката во значајна мерка се користи како храна на животните од кои се произведува месо за глобалната прехрана на луѓето.

И вештачкото ѓубриво како „капак на се“

За да обезбедат храна земјоделците на светско ниво имаат неопходна и незаменлива потреба од користење на вештачко ѓубриво. Особено Русија е голем производител на вештачко ѓубриво и сега неговиот извоз е запрен „до даљњег“. Дополнително на силен удар сега се и сите, ама сите без исклучок, големи европски производители на вештачко ѓубре (фертилизатор) за потребите на аграрната индустрија. Затоа што природниот гас е клучна состојка за производство на ѓубриво на база на кислород како што е уреата.

Сите овие фактори засега не можат да се искалкулираат. Ниту може да се пресмета колкав ќе биде ударот прво врз европската економија од која нашата македонска економија е целосно зависна.

Кога на ова ќе се надополни и влијанието врз глобалните пазари на енергија и метали во целост се разбира зошто ММФ во својот најнов извештај пишува „овој конфликт фундаментално (од корен н.з.) ќе го измени глобалниот економски поредок“!

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа