Зошто паѓа драстично цената на нафтата?
Објавено во: Економија 09 Април, 2018
Минатата недела цените на нафтата на светските пазари драстично се намалија поради стравувањата на инвеститорите дека трговската војна меѓу Соединетите Американски Држави и Кина би можела да ескалира.
Тоа би довело до стагнација на растот на глобалната економија, а на крајот би влијаело и на побарувачката на нафта. Минатата недела на лондонската берза цените за барел паднаа за 2,8 проценти, на 67,1 долари, додека на американските берзи цените паднаа за 4,2 проценти, на 62,05 долари, според SEEbiz.
Стравот од трговска војна меѓу САД и Кина постои повеќе од еден месец, откако американскиот претседател Доналд Трамп првпат најави воведување давачки за увоз на челик и алуминиум од Кина.