Зошто Русите масовно ги продаваат имотите во Црна Гора?
Објавено во: Балкан 24 Април, 2018
Од 2005 година наваму Русите станаа сопственици на 100.000 имоти во Црна Гора од кои сега сакаат да се ослободат, пишува Poslovni.hr.
Иако бројот на руски туристи расте, сепак Русите ги продаваат становите кои ги имаат во Будва.
Од друга страна се зголемува бројот на купувачи од западни земји, но и од Турција.
Богатите Руси кои пред 10 години ги подигнаа цените во Будва, сега се повлекуваат.
Од агенциите за недвижнини велат дека 50 до 70 проценти од Русите ги продаваат имотите.
Во последните години се скромни и стануваат газди на станови кои вредат од 50.000 до 60.000 евра.
Руските компании кои градат згради во Црна Гора останаа во земјата.