Зошто се дозволи бегство - Игор Спасов се бара со потерница
Објавено во: Македонија 29 Октомври, 2019
Игор Спасов се бара со потерница. Јавноста, пак, бурно реагира поради фактот што власта дозволила негово бегство.
Игор Спасов, кој порано беше специјалец, беше осуден на 14 години затвор за убуството на Мартин Нешкоски.
Тој од денеска се бара со национална потерница. Таа е објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.
Потерницата се распишува откако Спасов пред десет дена не се вратил во затворот „Идризово“. Од МВР известија дека потрагата по Игор Спасов почнала откако полицијата била известена дека тој не се вратил во казнената установа.А бегството на Спасов, веќе предизвика коментари на револт на социјалните мрежи. Владимир Милчин на фејсбук напиша дека тој е на правиот пат, но ние не сме.
„Или у превод он е на правиот пат, ние не сме !!!“ – стои во статусот на Владимир Милчин.
Игор Спасов, полицаецот кој го уби Мартин Нешковски на скопскиот плоштад, е пребеган во Турција, објави локалниот Канал 77, а Штипскиот суд издал потерница по осудениот на 14 години затворска казна пред да ја доотслужи истата.
Според неофицијални информации, тој веќе ја напуштил државата, а избегал преку нелегални канали и во странство е под туѓ идентитет. Тој го искористил периодот на привремен отпуст за да го организира бегството од државата. Во ова, како што се дознава, голема помош имал од некогашните негови колеги полицајци.
„Игор Спасов е недостапен на органите на прогон. СВР Штип го извести Судот дека тој е недостапен и е во бегство, поради што Судот веднаш издаде согласност за издавање на потерница за негово пронаоѓање на територијата на Република Северна Македонија“, изјави Јулијана Неткова, портпарол на Основниот суд од Штип.
Од денеска се бара со потерница на територијата на Република Северна Македонија, а не се исклучува можноста за брзо време таа да биде и меѓународна.
Спасов не беше в затвор затоа што се лекуваше, според информациите, повеќе од една година. Судот му го продолжувал прекинот во неколку наврати. Последен пат отпустот му беше продолжен од 18.05.2019 до 18.08.2019 година кога требаше да се врати во КДП Идризово на доиздржување на остатокот од казната.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.