03 Мај, 2024
1.1089

ЗОШТО СЕ ГУШИМЕ СЕКОЈА ЗИМА? 8 од 10 домаќинства се греат на дрва

Објавено во: Економија 31 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Додека домаќинствата во Европската унија најмногу трошат природен гас и електрична енергија за загревање на домовите, кај нас главен енергент кој се користи за затоплување се уште се печките на дрва. Нив ги користат 79 отсто од домаќинствата во земјава, додека на печки на струја се греат 6,7 отсто, а на нафта за ложење 1,1 отсто. Централно парно греење има само во 6,9 отсто од становите, а употребата на гасот како извор на затоплување во домаќинствата е толку мала што статистиката воопшто не го регистрира.

Според достапните податоци, домаќинствата во Македонија, исто како и тие во ЕУ, учествуваат со околу една четвртина од вкупната енергетска потрошувачка. Остатокот отпаѓа на сообраќајот и на индустријата.

Но, додека во земјите на Унијата најголем дел од потрошената енергија зафаќаат природниот гас (36,9 отсто) и електричната енергија (24,4 отсто), во нашите домаќинства уделот на еколошкото „сино гориво“ е толку минимален, што го нема во официјалните бројки на државната статистика. Употребата на природниот гас е регистрирана само кај големите стопански капацитети.

Македонските домаќинства најмногу трошат електрична енергија (53 отсто), па дрва (биомаса) 37,5 отсто. Делот на топлинската енергија, парно греење, во вкупната енергетска потрошувачка на македонските домаќинства е 6,6 отсто, на нафтата 2,3 отсто, а на цврстите горива 0,2 отсто. Од овие проценти појасна е причината зошто секоја зима се гушиме во нечист воздух преполн со чад и ПМ честички, иако, покрај греењето на домовите, не треба да се занемарат и другите фактори кои придонесуваат за загадување на животната средина.

За решеноста на развиените земји да обезбедат чист воздух за нивните граѓани покажуваат бројките дека природниот гас сочинува повеќе од половина од енергијата потрошена во домаќинствата во Холандија (72 отсто), Велика Британија (63 отсто), Италија и Словачка (по 53 отсто). Од друга страна, домаќинствата во Малта (70 отсто) и во Шведска (51 отсто) главно користат електрична енергија.

Како што може да се очекува, домаќинствата во ЕУ главно ја користат енергија за загревање на своите домови: ова претставува околу две третини (64,7 отсто) од нивната финална потрошувачка на енергија. Покрај тоа, енергијата што се користи за загревање на водата изнесува 14,5 отсто, што значи дека во целост, греењето на домовите и на водата изнесува 79,2 отсто од финалната енергија потрошена во европските домаќинства. Енергијата што се користи за осветлување и употребата на повеќето електрични апарати изнесува 13,8 отсто од енергијата што ја користат домаќинствата, додека главните апарати за готвење трошат 5,4 отсто, климатизација 0,3 отсто и за други потреби 1,3 отсто.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски