Дали титовите пионери ќе го остварат сонот на Маршалот, по Дунав и Вардар да се плови до Егејот?
Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2013 07:40
Груевски: Овој проект може да има голем придонес за развој на економијата
Српскиот премиер Ивица Дачиќ за овој мега проект го информирал и неговиот македонски колега Никола Груевски. За премиерот Груевски проектот има голем економски потенцијал, но како што вели треба да се утврди исплатливоста на проектот.
„Ја истакнав поддршката на македонската Влада за идејата за разработка и анализа на проектот инициран од страна на Србија за пловен канал. Овој проект може да има голем придонес за развој на економијата. Се работи за крупен проект за кој најпрво треба да се изработат студии околу неговата исплатливост“, изјави Груевски.
Дачиќ: Го информирав Груевски за проектот
Српскиот премиер Ивица Дачиќ во Скопје истакна дека го информирал неговиот македонски колега Никола Груевски за сите кативности кои српската Влада ги превзела.
„Тоа е проект стар повеќе од 100 години за кој прво од наша страна треба да се проучи дали е оправдан и со таа цел српската влада потпиша протокол со кинеска компанија што ќе изработи струдија на изведливост. После тоа, доколу има интерес и се покаже дека тоа е оправдано, ќе работиме на реализиација, иако сме свесни дека е тоа голем проект кој ќе бара голем износ на средства и сигурно ќе претставува еден од најголемите проекти кои би се граделе во Европа во овие години. Тоа е засега само идеја и ќе видиме дали е тоа воопшто можно“, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ.
Реализацијата на проектот би чинел меѓи 12 и 17 милијарди евра
Според пресметките на српската Влада, реализацијата на проектот ќе чини меѓу 12 и 17 милијарди евра. Тамошната опозиција обвинува дека мегаломанскиот проект ќе чини повеќе од 18,5 милијарди евра и ќе ја одведе Србија во должничко ропство.
Според проектот на владата, пловниот пат би започнувал од Јужна Морава во близина на Смедерево и би продолжил на југ до Скопје а од таму преку Вардар и до Егејското море.
Експерти: Да се проучи какви ќе бидат ефектите врз енергетскиот сектор
Српската експертска јавност проценува дека за реализација на проектот ќе биде потребно проширување и регулација на речните текови па дури и изградба на сосема нов канал на југот на Србија до Скопје.
Според нив, би било неопходно да се извршат сериозни истражувања за количината на вода во горните текови на Јужна Морава и нејзините притоки и на Вардар. Би било неопходно да се проучи какви ќе бидат ефектите врз енергетскиот сектор, каков сообраќај би можел да се одвива по тие води.
Економистот Александар Стевановиќ вели дека нема причина за страв, бидејќи не постојат никакви шанси овој проект да биде реализиран.
„Србија не е во состојба да го исчисти речниот коридор 7, ниту на Дунав да изгради инфраструктура, а камоли да копа канал низ Морава и Вардар“, заклучи Стевановиќ.
Идеја стара 174 години
Идејата за пловност на Голема Морава и проектот за изградба на пловен пат „Канал Морава“ е стара 174 години. Според едни документи кои се чувани во Историската архива во Јагодина, во кои увид имал дописникот на Танјуг, прв пат прашањето за пловидба по Морава датира од 1841 година. Во 1961 година и во 1973 година биле изработени проекти за оваа идеја, но тие никогаш не биле реализирани.
Мишко Иванов
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите
САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез
„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени





