18 Мај, 2024
0.0283

Зошто Српската народна партија бара затворање на границата со Македонија?

Објавено во: Балкан 10 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Српската народна партија  која на изборите беше дел од коалицијата предводена на Српската напредна партија на премиерот Александар Вучиќ, денеска побара од српската влада да нареди „итно затворање на границата со Македонија“.

Од партијата ова го бараат со цел да се спречи „неконтролиран прилив на мигранти на територијата на Србија“.

„Доколку затворањето на граничните премини не обезбеди запирање на неконтролираниот прилив на мигранти на територијата на нашата земја, СНП инсистира на поставување бариера на границата со Македонија, на ист начин како што тоа го направуја многу земји од ЕУ.  Поставувањето бариери на границите е принцип што се применува во цела Европска Унија. Србија треба да почне да спроведува иста мигрантста политика, каква што спроведуваат и земјите членки на ЕУ “- се наведува во соопштението на СНП.

Оваа партија во српската јавност е позната по своите проруски и анти-ЕУ ставови.

Партијата наведува дека огради на своите граници веќе поставиле Унгарија и Австрија, а дека такви мерки најавува и Хрватска.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, во петокот при посетата на Центарот за прием на бегалци во Прешево, во близина на српско-македонската граница, рече дека изминативе недели е регистиран зголемен прилив на мигранти низ Србија. Тој објасни дека тие во најголем број во земјата влегуваат од територијата на Бугарија.

Според него, главен проблем во овој случај се криумчарите со луѓе и најави решителна борба против малите, но организирани групи на криумчари.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел