17 Мај, 2024
0.0283

Зошто терористите ја напаѓаат Европа, а не САД ?

Објавено во: Свет 24 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Со подемот на Исламската држава, Европа стана мета на терористички напади. Последен удар претрпи Белгија, каде завчера загинаа 34 луѓе, а над 230 беа повредени во самоубиствени терористички напади.

Но, зошто ЕУ стана главна цел на терористите пред некои други светски сили како на пример САД?

Според зборовите на експертите комбинација на фактори објаснува зошто нападите не се случиле во САД, туку во Брисел.

Една од причините е големиот апарат на службата на национална безбедност, објаснува Роберт Мекфаден, специјален агент на  NCIS, во пензија, исто така Американците можат да им се благодарни и на силните мерки на безбедност на границите, тврди поранешниот поранешен агент на ЦИА, Патрик Скинер.

Друг важен фактор е големиот број на Европјани во редовите на ИСИС.

Најголем број Европејци, по глава на жител, кои се придружиле на терористичката организација во Сирија и Ирак, доаѓаат токму од Белгија, а многумина од нив се од Малбек, покажаа истражувањата на Соуфан групата, која со години наназад го следи движењето на џихадистите.Од другите европски земји во џихад заминале илјадници луѓе. Од друга страна, бројот на Американци, тренирани од страна на екстремистичката група е неколку десетици, и тие не се враќале дома, за разлика од Европејците.

А тука се и поддржувачите на ИСИС, кои никогаш не ги напуштија своите домови, но се радикализирани од оние кои се вратиле.

“Доволно се 15 луѓе кои навлегле во радикализам за да се создаде ќелија способна да изврши напад“, објаснува Скинер.

Европа стана некој вид на база за регрутирање членови во ИСИС. Терористите не ги одбираат случајно градовите кои ги напаѓаат. Од 2012 година до 2015, повеќе од 400 луѓе отпатувале од Белгија во Ирак и Сирија, за да му се придружат на ИСИС. Во тој период, од Франција таму заминале околу 1.200 луѓе. На овој начин, Париз и Брисел станаа европски престолнини кои даваат најголем број на странски милитанти на Блискиот Исток.

Друга причина е и бегалската криза која не стивнува и која ИСИС ја користи како иструмент за регрутирање на нови членови. Во 2015 година во Европа пристигнаа повеќе од милион бегалци – од почетокот на оваа година, 135 илјади. Кризата со мигрантите претставува одлична можност за терористите да направат раздор меѓу муслиманите и Западот. Многу европски лидери им пркосат на исламистите, изјавувајќи дека ќе прифаќаат само бегалци – христијани.

Можеби ќе ве интересира

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ФБИ НУДИ 250.000 ДОЛАРИ ЗА ИНФОРМАЦИИ ЗА ИЗМАМНИКОТ НА ВЕКОТ: Ова е најбараната жена на планетата

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

ПО НАПАДОТ НА ФИЦО: Смртни закани добил и Доналд Туск

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА НЕ ПОМИНАЛ ВОЕН РОК: Дали Путин згреши со изборот?

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

СОСЕДОТ ГО КИДНАПИРАЛ: Алжирец е пронајден по 26 години

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

ВОВЧАНСК: Русите егзекутираат цивили?

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

НЕКОЛКУ ДЕНА ГО ПЛАНИРАЛ НАПАДОТ: Човекот кој пукаше во Фицо откри што го налутило

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ШЕСТЕ КЛУЧНИ ГРЕШКИ - еве што погреши обезбедувањето на словачкиот премиер Роберт Фиц

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји

ДУБАИ Е ПОДОСТАПЕН ОД БИЛО КОГА: Цените на недвижностите се пониски отколку во центрите на многу балкански земји