18 Мај, 2024
0.0328

Зошто Тевдовски ретерираше од границата над 60.000 денари?

Објавено во: Економија 03 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Експертите велат дека македонската Влада и министерот за финансии Драган Тевдовски предизвикуваат сомневање во успешноста во воведувањето на прогресивниот данок што беше најавен денеска затоа што е првичната граница за месечните примања.

Тевдовски денеска на прес-конференција објави дека ќе се оданочуваат за дополнителни осум отсто оние кои добиваат поголема месечна плата од 90.000 денари месечно. Досега со рамниот данок се оданочуваат сите граѓани со 10 отсто.

- Досега се најавуваше дека ќе бидат прогресивно оданочувани оние кои имаат плата поголема од 60.000 денари, а сега изненадува тоа што границата е подигната над 90.000 денари. Како и да е тоа ќе биде на товар на фирмите-работодавачи и најмногу ќе бидат погодени дејностите во финансискиот сектор и ИТ-секторот - вели нашиот соговорник кој е поранешен кандидат за претседател на СДСМ и економски експерт.

Тевдовски најави дека овој данок ќе го плаќаат еден отсто од вработените и од него ќе се соберат околу 25 милиони евра - пари кои ќе се пренаменат за поголема социјална сигурност.

- Многу е важен и моментот од кого се зафаќа овој данок, бидејќи од тие од кои ќе се „соббира“ не мора да значи дека се богати. Богати се тие што имаат, на пример, по три стана и од нив треба да се одземе за да им се даде на посиромашните. Како второ не би се согласил дека тие средства треба да се пренасочат за да се подобри социјалната нееднаквост. Ситуацијата во македонската економија во тој случај ќе остане иста. Подобро би било со тие пари да се субвенционираат млади претприемаи кои би отвориле свој сопствен бизнис и од таа дејност потоа државата ќе наплаќа даноци - вели нашиот соговорник.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра

АКО ОДИТЕ ВО ГРЦИЈА, НЕ МОРА ДА ЗАПАЛИТЕ ЦИГАРА ВО АВТОМОБИЛОТ, ИМА ДРАКОНСКИ КАЗНИ - еве за што ќе мора да платите 1.500 евра