Зошто токму Хамбург ќе ја одлучи економската иднина на Европа?
Објавено во: Економија 20 Октомври, 2022 09:33
Од тоа што ќе одлучи Германија за понудата од Кина за откуп на дел од акциите во пристаништето во Хамбург во голема мерка ќе зависи економската иднина на нашиот континент низ призмата на мега проектот Новиот пат на свилата и создавање на економскиот џин Евроазија
Германија е пред големо политичко и економско искушение. Течат роковите за прифаќање или одбивање на понудата што ја даде најголемата кинеска (а по некои атрибути) и најголема светска компанија за бродски превоз, кинескиот КУСКО (CUSCO) за да откупи дел од акциите во најголемото германско пристаниште лоцирано во Хамбург.
Поточно, се работи за откуп на 35 отсто од капиталот на еден од трите терминали на најголемото пристаниште во најголемата европска економија која воедно е и една од најголемите пет економии во светот (по сите параметри).
Зошто е толку важно трговско чвориште токму пристаништето во Хамбург?
Прво, затоа што е најголемо пристаниште во најголемата европска економија. Самото ова доволно говори за неговото значење за трговските врски, капацитетот за трговска размена и влијанието врз конкурентноста и цените на стратешки производи во многу индустрии. Потоа и проектираното влијание врз финансиските пазари, а особено берзите на кои се тргува со стоки кои се превезуваат до и од ова веројатно второ по големина европско пристаниште.
И втората работа која веројатно е поважна од првата затоа што во себе го содржи потенцијалот за евидентен раст на деловни операции од тоа пристаниште. Со отпочнувањето на кинескиот глобален проект Новиот пат на свилата од 2013 година наваму Хамбург поточно пристаништето стана хот-спот точка односно локација со исклучително стратешко значење затоа што во логистиката станаа клучни и најзначни железничките услуги. Еве ја поентата: лани на неделно ниво егзистирале околу 290 железнички комерцијални врски помеѓу Хамбург и 25 кинески индустриски центри. Речиси една третина од сите контејнери кои влегуваат во пристаништето во Хамбург завршуваат во Кина.
И уште еден клучен податок: пристаништето во Хамбург дневно дава логистика за транспорт на 5.500 вагони организирани во 200 воза.
Со ова повеќе од јасно го отсликавме значењето на кинеската понуда за откуп на третина од акциите во еден од бродските терминали во Хамбург.
И сега најважното: Германија и Кина се најголеми трговски партнери. Овој факт доволно кажува под колкав притисок се германските власти соочени со одлуката за прифаќање или одбивање на одлуката што на маса им ја стави КУСКО.
А како тоа ќе влијае врз европската економија? А тука особено е изложена и македонската економија затоа што половина од целиот македонски извоз завршува во Германија.
Одбивањето на понудата е реална опција. Заради притисокот од САД и постоечката хистерија на партиите на Зелените спрема се што е кинеско, а особено руско.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




