18 Мај, 2024
0.3667

Зошто трговците на луксузни стоки конечно ја прифатија онлајн продажба

Објавено во: Економија 02 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Richemont и Yoox Group објавија детали за зделката, која ќе го создаде следниот гигант во областа на онлајн трговијата на мало со луксузни стоки. Вкупната продажба на двете компании за 2014 година изнесуваат 1,3 милијарди евра, а трансакцијата може да биде предизвик за интересот кој предизвикува онлајн гигантот Amazon. Групата Cie. Financiere Richemont, која стои зад брендовите за накит Cartier и Van Cleef & Arpels, изјави дека ќе поседува 50% од акциите во новата компанија, која ќе се вика Yoox Net-A-Porter Group. Договорот доаѓа по зголемениот интерес и зголемувањето на конкуренцијата на онлајн пазарот на луксузни стоки, додека компанијата Farfetch достигна пазарна оценка од неверојатни 1 милијарда долари во почетокот на месецот. Натали Масне, поранешен моден новинар, кој ги базира Net-a-Porter во 2000 година, изјави дека новата група е најголемата продавница за луксузни модни стока, која "никогаш не запира со работа и нема географски граници". Компаниите за луксузни стоки се колебливи во однос на новите дигитални трендови според Марио Ортели, виш аналитичар во Bernstein. Според него, иако индустријата се соочува со предизвици поради најслабиот раст на пазарите во развој, компаниите треба да продолжат да се развиваат. Прогнозата за раст на традиционалниот пазар на луксузни стоки е за 5% во наредните пет години според Bernstein. За последните 17 години растот беше од 6 отсто. Истовремено околу 62% од продажбата на луксузни стоки се врши онлајн, додека продажбата во физичките продавници се намалува. Лондонската група Farfetch која продава high-end облека на независни модни бутици, собра нови инвестиции, кои ја зголемија нејзината пазрна проценка до 1 милијарда долари. Компанијата, која им овозможува на корисниците да купуваат облека и додатоци од компјутерите и телефоните избирајќи производи од повеќе од 300 бутика во 25 земји во светот, собра 86 милиони долари во рамките на последниот круг на финансирање, привлекувајќи инвеститори како Русинот Јури Милнер . Според аналитичарот на BNP Paribas Лука Солка онлајн продажбата на модни и луксузни производи изгледа се повеќе привлечна, со оглед дека за компаниите за луксузни стоки отворањето на нови продавници веќе не е добро решение. "Оваа област се радува на раст од околу 30% во регионот во последните неколку години и ние очекуваме тој да продолжи", коментира Солка. Покрај Richemont, Ортели ги наведува и LVMH и Burberry како компании кои ја имаат реализирано важноста на дигиталниот маркетинг за генерирање на повеќе продажба. Во врска со продажба на Net-a-Porter од Richemont Томас Чуве, аналитичар на Citigrpoup, тврди дека зделката во голема мера е без значење за инвестициите на швајцарската компанија, а акционерите не смеат да се "премногу возбудени" од неа. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа