Добивај вести на Viber
Cигурно некогаш сте ги изговориле овие зборови „Тоа мене можеше да ми падне на памет!“, „Зошто јас прв не се сетив на тоа?“, „Можев и јас така, само подобро!“.
Идеите не ја вршат сета работа за вас.
Дали сакате да ја знаете вистината? Веројатно не сте можеле да го постигнете тоа, поточно, зборовите кои сте ги искажале и го докажува тоа. Заглавени сте гледајќи.
Извршителите работат, а гледачите пресудуваат.
Посматрајќи од трибините, лесно е да се претпостави „тоа можев и јас да го смислам“. Cепак, скокањето на терен открива поинаков поглед од оној од трибините. Cо нова перспектива. се отвора потполно нов пакет на проблеми за кои се потребни нови размислувања, време и внимание.
Cекаде околу нас гледаме идеи и нови производи, но ни недостига увид во трудот вложен во нивната реализација и жртвата на оној кој сето тоа го довел до крај.
Првиот чекор кон остварување на вашите милионски идеи е да му помогнете на вашиот шеф, тој да ја оствари неговата милионска идеја.
Лесно е да се сонува за отворање на сопствена компанија, развивање на свои производи, но исто така е опасно и да се изгубите во фантазирањето. Немојте да пропуштите да му помогнете на некого да ја изгради својата идеја, постојат толку многу знаења и искуства кои можете да ги стекнете помагајќи им на другите. Ако не можете да му помогнете на својот надреден да ги оствари неговите идеи, како можете да очекувате дека ќе ги реализирате своите? Вербата во туѓата визија ќе ви овозможи да се остварат и вашите идеи.
На крајот, вашата милионска идеја не вреди толку, но вашите вложувања и посветеност на таа идеја можат да вредат.
Престанете со шпекулациите и помогнете им на другите да го остварат тоа што го наумиле . Извалкајте ги рацете и почнете да градите идеја, дури и ако таа не е ваша.