18 Јануари, 2025
0.0322

Зошто вицепремиерот Фатмир Битиќи не поднел Анкетен лист за имотната состојба во Антикорупциска?

Објавено во: Економија 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се уште не поднел Анкетен лист за својата имотна состојба и за тоа што поседуваат неговите најблиски во Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.

Од „Антикорупциска“ потврдуваат дека рокот, според Законот за спречување на корупција, е одамна поминат, а владиниот заменик-претседател, кој доаѓа од редовите на СДСМ, е на оваа функција откако Владата беше изгласана од Собранието на 30 август. Битиќи не поднел ниту изјава за интереси во која треба да наведе колку и какви бизниси евентуално поседува, дали и колку има свои блиски што се вработени во јавниот сектор, дали има судир на интереси и слично

„Од увидот во Електронската база во ДКСК и Деловодникот произлегува дека лицето Фатмир Битиќи нема поднесено анкетен лист и изјава за интереси“, потврдија од ДКСК за „Фактор“. Останува непознато дали некој го потсетил вицепремиерот кој е најодговорен за развојот на македонската економија дека е должен по закон да ги исполни овие обврски.

Во базата на податоци во Антикорупциска може да се провери дека сите останати новоименувани функционери во Владата веќе одамна ги поднеле новите анкетни листови, а исто така и замениците кои беа подоцна изгласани во Собранието.

„Избран или именуван функционер, одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал, при изборот или именувањето, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот или именувањето, пополнува анкетен лист со детален попис на недвижен имот, подвижни предмети од поголема вредност, хартии од вредност и побарувања и долгови, како и друг имот што е во негова сопственост, или сопственост на членовите на неговото семејство, со наведување на основот на стекнување на пријавениот имот и депонира заверена изјава од нотар за откажување од заштита на банкарска тајна во однос на сите сметки во домашни и странски банки“, се вели во законот за спречување на корупција.

Битиќи пред два месеци за прв пат е избран како државен функционер, а претходно извршуваше само партиска функција во СДСМ како претседател на комисијата за финансии, а беше и советник за економија во премиерскиот кабинет на Зоран Заев.

Премиерот Заев за Битиќи рече дека во Владата доаѓа од бизнисот, како поранешен извршен директор на Стопанската комора на Северозападна Македонија.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СЕГА ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА НОВ ПОЧЕТОК: Ова се на петте најпрофитабилни бизниси во 2025 година

СЕГА ВИСТИНСКО ВРЕМЕ ЗА НОВ ПОЧЕТОК: Ова се на петте најпрофитабилни бизниси во 2025 година

МРАЧНА ПРОГНОЗА ДОАЃА ПРЕД ФОРУМОТ ДАВОС: Еве што предвидуваат економистите

МРАЧНА ПРОГНОЗА ДОАЃА ПРЕД ФОРУМОТ ДАВОС: Еве што предвидуваат економистите

ВОДЕЧКИ БАНКАР ПРЕДУПРЕДУВА: Ова се двете најголеми закани за економијата во моментов

ВОДЕЧКИ БАНКАР ПРЕДУПРЕДУВА: Ова се двете најголеми закани за економијата во моментов

НЕВЕРОЈАТНИ 299 ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД СОНЦЕ: РКЕ ги објави деталите

НЕВЕРОЈАТНИ 299 ЛИЦЕНЦИ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА СТРУЈА ОД СОНЦЕ: РКЕ ги објави деталите

МНОГУ ЛЕСНО ЌЕ СЕ РАБОТИ ВО ЦРНА ГОРА: Се поедноставува процедурата за сезонските работници

МНОГУ ЛЕСНО ЌЕ СЕ РАБОТИ ВО ЦРНА ГОРА: Се поедноставува процедурата за сезонските работници

„90 ПРОЦЕНТИ ОД ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ БЕШЕ ЗАВРШЕНА ОД СДСМ“: Се огласи Спасовски

„90 ПРОЦЕНТИ ОД ПРУГАТА КУМАНОВО-БЕЉАКОВЦЕ БЕШЕ ЗАВРШЕНА ОД СДСМ“: Се огласи Спасовски

ИЛИЈА ДИМОВСКИ РАСПАЛИ: „Кај нас стана стандард Аца Лукас“

ИЛИЈА ДИМОВСКИ РАСПАЛИ: „Кај нас стана стандард Аца Лукас“

СПОРОТ ЗА НАСЛЕДСТВОТО НА ЈОСИП БРОЗ СЕ БЛИЖИ ДО КРАЈОТ: Што крие сефот „555“ на Тито и кој конечно ќе ги наследи „вреќите“ со богатство?

СПОРОТ ЗА НАСЛЕДСТВОТО НА ЈОСИП БРОЗ СЕ БЛИЖИ ДО КРАЈОТ: Што крие сефот „555“ на Тито и кој конечно ќе ги наследи „вреќите“ со богатство?

ЕВЕ И ТОЧНО КАКО ИЗГЛЕДА ВОЗЕЊЕТО ПО ПРУГАТА ОД КУМАНОВО ДО БЕЉАКОВЦЕ: Едно е сигурно, функционерите уживаа

ЕВЕ И ТОЧНО КАКО ИЗГЛЕДА ВОЗЕЊЕТО ПО ПРУГАТА ОД КУМАНОВО ДО БЕЉАКОВЦЕ: Едно е сигурно, функционерите уживаа