ЗСРМ за инцидентот во Неготино: Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во MOН
Објавено во: Македонија 14 Април, 2018 21:14
Здружението на социјални работници на Македонија (ЗСРМ) искажува загриженост од видеото за врсничко насилство во училиштето во Неготино и додаваат дека социјалниот работник треба да биде дел од стручните служби во училиштата.
Наведуваат дека психичкото вознемирување, физичкото малтретирање, социјалната изолација, сексуалното злоупотребување, а во поново време и насилството на интернет стануваат сериозен психосоцијален проблем со кој се соочуваат се поголем број основци и средношколци.
Укажуваат дека наставниците немаат доволно информации за тоа како да се справат со врсничкото насилство, а стручните тимови во кои отсуствува социјалниот работник најчесто се ограничени во својата дејност и не се во можност да ја дадат неопходната социјална поддршка која им е потребна на учениците.
„Одговорноста за ваквите случувања ја гледаме во Министерството за образование и наука, кое повеќе од 20 години воопшто не го препознава социјалниот работник како стручно лице кое игра клучна улога во справување со ваквите случаи и ретко е дел од стручните служби во училиштата. Истото го повтори и новото раководство во МОН, кои во новите стратегии не го зема предвид социјалниот работник како дел од стручните служби во училиштата. Согласно сегашната пракса, училиштата ја префрлаат одговорноста за социјалните ризици во центрите за социјална работа, кои и сами се претрупани со одговорности и не се во можност целосно да ги решат ваквите случаи до крај“ – наведуваат од Здружението.
Инцидентот со трите ученички од училиштето во Неготино, според ЗСРМ е вклучување на алармот кој сакаат да го упатат до МОН за вработување социјални работници во стручните служби на училиштата.
За тепањето на ученичката од деветто одделение од две нејзини врснички во ОУ „Гоце Делчев“, Првата детска амбасада „Меѓаши“ денеска побара да се покрене истрага за овој настан, да утврди степен на одговорност и да се преземат мерки вакви случаи да не се повторат.
Министерката за образование, Рената Дескоска денеска во изјава за медиумите соопшти дека случајот е пријавен во МВР и дека ќе бидат преземени мерки за едукација на учениците и нивните родители за превенција од училишно насилство.Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




