08 Мај, 2024
0.0278

ДАЛИ ЌЕ СЕДИМЕ ПО ЧЕТВОРИЦА НА ИСТА МАСА - денеска ќе пресече Комисијата за заразни болести

Објавено во: Економија 17 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести денеска трреба да пресече дали ќе биде дозволено во локалите, односно во кафулињата и рестораните, на иста маса да седат и по четворица госрти, и покрај тоа што не се од исто семејство.

Министерот за економија Крешник бектеши порача дека какви и да бидат препораките на Комисијата, Владата ќе ги почитува, бидејќи тоа е принцип што е усвоен од самиот почеток на пандемијата.

Комисијата на денешниот состанок ќе треба да одлучи и дали на локалите ќе им биде дозволено да работат и после 22 часот.

Кога станува збор за локалите, како што е познато угостителите бараат измени на точките 8 и 9 од протоколот за работа на угостителските објекти, а со кои се поставуваат условите или на една маса да седат по двајца, или четворица, но само ако се од исто семејство.

Министерството за економија веќе испрати барање до комисијата овие точки да бидат променети. 

„МЕ прати писмо до Комисуијата за заразни болести и очекуваме тие да ни одоговорат. И за тоа и за продолжување на работата по 22 часот, Комисијата треба да заседава денеска, согласно информациите од министерот за здравство Венко Филипче, и тие за својата одлука навреме ќе информираат. Од наша страна се барани измените, сум информирам дека денеска на состанок на комсијата ќе се дискутира нашето барање, но ќе ја почитуваме перепораката на Комисијата. За протоколите воспоставивме принципи дека сите протоколи ќе мора да се усвојат од Комисијата. МЕ и коморите мпожат да предложат протоколи, но мора да се усвојат од Комисијата за заразни болести“, дециден е министерот Крешник Бектеши. 

Фактор веќе пишуваше за овие барања на угостителите, бидејќи на овој начин се принудени да ги враќаат гостите, и така трпат загуби во нивната дејност. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување