08 Мај, 2024
0.0269

ГАЛЕРИЈА: Заев: Ја добивме најголемата битка, битката за живот

Објавено во: Македонија 04 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва од митингот во Скопје порача дека ја добиле најголемата битка и дека сиот труд, протести, мрзнење по улици, сите изодени километри вределе. 

„Вие сте вистински херои. Нема херои без лузни. Тие лузни се потсетување на сите претрпени злодела и тие лузни се ветување дека никој од нас нема да се осмели тоа да му го направи на некој друг, затоа што знаеме како е. Вредеше. Ја добивме најголемата битка, битката за живот за секој наш граѓанин. Затоа денеска моето срце е полно, а во него има место за сите“ - вели Заев. 

Вети бесплатно болничко летување за сите, подобар живот, повисок стандард. 

Павле Богоевски кој е на листата на коалицијата на СДСМ, рече дека ќе го издржат секој нечесен и криминален удар кој ќе им го зададат. 

„Секој наш сон е поголем од било која нивна болна и криминална амбиција. Никола, колку и да се трудиш да нè уништиш ние како плевел ќе никнеме од почвата и будно ќе ја браниме демократијата во нашата држава. Доста беше ние граѓаните да се плашиме од власта“- вели Богоевски. 

Поранешниот амбасадор, Никола Димитров рече дека Македонија е „заробена држава“, а тоа го констатира и Европската комисија. Според него, земјата е брутално сиромашна, а партијата ВМРО-ДПМНЕ е брутално богата. 

На митингот беше кажано дека ситни криминалци ги бркаат луѓето од родната земја и тоа не треба да се дозволи. Беше спомнато дека неспособни политичари уништуваат генерации. 

ФОТО: ФАКТОР


Можеби ќе ве интересира

„МУ БЛАГОДАРАМ НА ‚ЛИКОВ' ШТО МЕ УБЕДИ ДЕКА Е ПАТРИОТСКИ ДА ИЗЛЕЗАМ НА ГЛАСАЊЕ - д-р Беќаровски благодарен на Артан Груби

„МУ БЛАГОДАРАМ НА ‚ЛИКОВ' ШТО МЕ УБЕДИ ДЕКА Е ПАТРИОТСКИ ДА ИЗЛЕЗАМ НА ГЛАСАЊЕ - д-р Беќаровски благодарен на Артан Груби

„НЕКА БИДЕ КАКО ИНДИРА ГАНДИ ИЛИ УШТЕ ПОДОБРО - СИРМА ВОЈВОДА!“: Ванковска веќе честита победа на претседателските избори

„НЕКА БИДЕ КАКО ИНДИРА ГАНДИ ИЛИ УШТЕ ПОДОБРО - СИРМА ВОЈВОДА!“: Ванковска веќе честита победа на претседателските избори

ВМРО-ДПМНЕ 21.000, СДСМ 6.000: Ѓорчев со првични резултати

ВМРО-ДПМНЕ 21.000, СДСМ 6.000: Ѓорчев со првични резултати

КАЈ ШТАБОТ НА ВЛЕН ПОЛИЦИЈА И БАРИКАДИ: Се преземаат безбедносни мерки

КАЈ ШТАБОТ НА ВЛЕН ПОЛИЦИЈА И БАРИКАДИ: Се преземаат безбедносни мерки

МЕНДУХ ТАЧИ НЕ БОЈКОТИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ - сликан со двете ливчиња на гласачкото место

МЕНДУХ ТАЧИ НЕ БОЈКОТИРАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ - сликан со двете ливчиња на гласачкото место

УБЕДУВАЛА СОГРАЃАНКА ЗА КОЈА ПАРТИЈА ДА ГЛАСА - до ОЈО пристигнале неколку пријави за неправилности на изборите

УБЕДУВАЛА СОГРАЃАНКА ЗА КОЈА ПАРТИЈА ДА ГЛАСА - до ОЈО пристигнале неколку пријави за неправилности на изборите

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

СКОПЈАНИ МАСОВНО ИЗЛЕГОА НА ГЛАСАЊЕ - Карпош, Аеродром и Кисела Вода се лидери, најслаби се Сарај

Таравари гласал на претседателските избори

Таравари гласал на претседателските избори

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите

Европскиот фронт вечерва ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум, еве го ставот на ДУИ по изборите