03 Мај, 2024
0.0294

Коѕијас: Поддржувачите на Македонија пред ветото на Макрон требаше нему да му стават вето

Објавено во: Балкан 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Грција треба да преземе иницијатива и да одржи средби со земјите кои имаат став за стабилност на Балканот. Ова го посочува за дел од грчките новински агенции поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас кој потенцира дека треба да се поддржи италијанската иницијатива.

-Јас лично заедно со моите пријатели министри за надворешни работи и поранешни министри ќе преземеме иницијативи за европската перспектива на Северна Македонија, истакнува Коѕијас коментирајќи го ветото од францускиот претседател Емануел Макрон и недоделувањето на датум за Македонија и Албанија.

Коѕијас смета дека Унијата не донесе одлука против интеграција, беше за, но на крајот одлуката беше блокирана од Французите и истакна дека е потребна активна надворешна политика со цели и конкретни мерки.

Потписникот на Преспанскиот договор вели дека она што требало да се направи пред состанокот е сојузништво на земјите што ја поддржуваат интеграцијата на Северна Македонија, односно земјите од Вишеград, од Балканот и од балтичките земји, како што рече, да се формираше цврст фронт на 15 земји кои ќе настапеа со ставот дека „ако Франција стави вето, ќе наиде на вето од овие земји“.

-Ако Макрон ја изразува неговата лутина кон Германците, бидејќи не направија продлабочување на европското обединување, ако ја изразува неговата лутина кон Европскиот парламент, бидејќи министерката за одбрана на Германија ја избра за претседател на комисијата, а неговата министерка одби да ја избере за член на комисијата, ако е лут, и со право, што Американците не го известија дека ќе се повлечат од Сирија, ако ги видиме неговите внатрешни случаи и стравот од Ле Пен итн,зко ги видиме сите овие работи, зошто да не стави вето? Јас ги прашав луѓето што ги знам во Франција, како реагира општеството на ветото на Макрон и ми велат одушевени се, задоволни се, истакна Коѕијас анализирајќи ја позицијата на францускиот претседател во однос на европската перспектива на Северна Македонија и Албанија.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

ТРАГЕДИЈА КАКВА СВЕТОТ НЕ ПАМЕТИ - годишнина од масовното пукање во основното училиште во Србија

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД