Макрон на удар во ЕУ: Го уништува процесот заради неговите амбиции
Објавено во: Свет 23 Октомври, 2019 11:35
Од обединител на Европа, како што се појави на почетокот на неговиот мандат, францускиот претседател Емануел Макрон е на пат да стане нејзин уништувач, вели „EUObserver“ во својот коментар, откако Македонија и Албанија не го добија очекуваниот старт на преговорите за членство во ЕУ.
„После сето она што Македонија го направи поради европската интеграција – спроведе бројни реформи, се помири со Грција и Бугарија, го смени уставот и името – наиде на „ѕидот“ наречен Емануел Макрон. Тој беше „моторот“ кој доведе до тоа Европската унија да го сруши ветувањето што го даде на Скопје – дека ќе добие датум кога официјално ќе го започне процесот на пристапување во ЕУ, откако ќе го направи сето она што се бараше од него“, пишува изданието.
Од таму велат дека одлуката за започнување на преговорите со Скопје и Тирана е одложена два пати поради несогласување на Франција, која поради Макрон, сметаат од таму, го држи како заложник целиот колективно договорен процес на проширување, барајќи преиспитување на проширувањето на Унијата.
„Во чин на невиден политички вандализам, Макрон се чини дека ја „уби“ политиката што до неодамна се сметаше за главна функција на ЕУ и која беше единствената стратегија на ЕУ кон нејзините балкански соседи. Тој го уништува процесот на евроинтеграција заради неговите амбиции“, се додава во анализата.
Според „EUOserver# Макрон давал енергичен и ладнокрвен отпор со кој не сака всушност да го реформира процесот на европска интеграција, туку да го уништи.
„Сепак, Макрон никогаш не кажал никому што треба да направат двајцата кандидати за да ги исполнат француските барања, ниту пак дал конкретни предлози за тоа што може да значи реформата во процесот на евроинтеграција. Сето ова укажува дека, за Макрон, всушност е најважно да се протера своето и за Франција да го преземе водството во Европската унија по Брегзит. Балканските држави и проширувањето во целина се само колатерална штета – тие се потрошни добра во напорите на Макрон да се стекне со доминација. Ако ЕУ продолжи да зборува за пристапување во Србија и Црна Гора, нема објективна причина зошто тоа не би го сторила со Македонија и Албанија“, се вели во продолжението.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Најновото предупредување на Путин до Украина покажува колку е малку веројатен мировен договор
(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна





