Основни информации за Кинеското земјоделство
Објавено во: Агробизнис, Колумни 07 Јуни, 2017
Кина е една од најголемите земјоделски земји во светот, со повеќе од 800 милиони жители кои живеат во селските реони. Кинеското земјоделство храни околку 22% од светската популација ,а располага само со 10% од обработливите површини во светот. Кина е земја со релативно ограничени природни ресурси – растителни, животински, водени, почвени, затоа во земјата се води политика за прехрамбена сигурност. Главната задача во 21 век на кинеското земјоделство е самоисхрана на населението со локални производи. Покрај таа главна задача, земјоделството на Кина е исправено пред други три важни задачи.
Првата е: да се зголеми зрнестото производство и да се гарантира безбедна храна; втората е: да се зголеми доходот на земјоделските производители и да се стимулира разојот на економијата во селските реони; третата задача е: да се постигне оддржлив развој на земјоделството. Основните култури кои се одгледуваат во Кина се : пченица, ориз, пченка, соја, грав, наут , грашок, кикирики. Голем дел од земјоделкото производство се обезбедува од генетски модифицираните растенија (ГМО) – соја, пченица, пченка, кикирики, домати, салати, кои се одгледуваат во Кина. Производството на ГМО, според досегашни информации е регулирано и се базира на научно докажани механизми за контрола. Се прати глобалната цел – да се зголемат приносите на земјоделските производи.
Кина е најголемиот извозник на храна во светот. Во селските реони на земјата има слободна работна сила што е поволна претпоставка за специјализација на земјата во извоз на трудоинтензивни земјоделски производи со висока пазарна цена на производите како што се: зеленчук, бобови култури, чај, цвеќе и др. Извозот на такви земјоделски производи дополнително го помага националното производство и гарантира економски раст на земјата.
Поради ограничениот обем на обработлива површина, во Кина се внесуваат такви земјоделски култури кои бараат големи површини за одгледување, како што е пченка,луцерка, памук, маслодајни култури и др. Кина исто така увезува големи количини на млеко во прав, млечни производи, јајца, месо.
Самозадоволување на населението води до концентрација на паричните приливи во земјата и влијае во развојот на земјоделската стопанска гранка, врз база на тоа државата вложува во иновации.
Кина има големо оранжериско производство кое базира на 400.000 ха, а основната култура се доматите. Оранжериите за производство на зеленчук се обезбедени со современи технологии за наводнување и ѓубрење, а главна цел е пораст на приносите. Оранжерија во провинцијата Дзјансу , со примена на современа холандска технологија за заедничко одгледување на зеленчук и риби. Рибите се развиваат и растат многу побрзо отколку во природа, бидејќи не се подложни на стрес, а отпадоците од животните функции на рибите се претвараат во ѓубрење на растенијата.
Во националната стратегија за одржлив развој на водните ресурси во Кина во 2001 година е формирано претпријатие за производство на системи за наводнување. За 14 година прераснува во водечка марка со висока ефективност како водечки меѓународен добавувач на современи системи за наводнување. Во 2005 година е формирана фарма специјализирана за органска храна “Tomy s Farm”, која изгради девет бази за органско производство на зеленчук. Маркетинг моделот што го применува промовира директна продажба меѓу членовите и преку електронска продажба. Производите кои ги нуди се овошје, зеленчук, месо, домашна живина, јајца, млеко ориз, риба и друго, со кои ги задоволува потребите на средна и побогата класа во Кина.
Во Југозападна Кина се наоѓа селото Хуакси - најбогато село во Кина. Настанало во 1961год. денес селото се развило во голем индустриски и земјоделски центар.
Во селото е изграден хотел со 5 ѕвезди, висок 328 метри за вредност од 0.5 милиони долари. Во селото живеат 2000 жители и сите се акционери по наредба на комунистичката партија. Живеат во куќи со средна големина околу 750 м2 и имаат најмалку по еден автомобил во семејството. Образованието и медицинската заштита се бесплатни.
Земјоделскиот менаџмент и маркетинг се резултат од примена на долгорочен систен на планирање, пазарни принципи на соработка помеѓу политичари, истражувачи и земјоделски стопанственици. Тоа како и располагањето со огромен потенцијал на слободна работна рака е причина за брз развој на земјоделството во Кина и достигнувањето на најголем извозник на храна во светот.
П.С. Денес Кина има 1,368 милијарди жители, 10% од обработливата површина во светот има 54,8% урбанизирана територија и 7.574 УСА долари бруто домашен производ по жител.
Извор: Agriciltural economics and management.
Проф.Д-р Борис Анакиев
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.