АКО СЕ ПЕНЗИОНИРАМЕ НА 67, МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ ИМААТ НАЈСТАРИ РАБОТНИЦИ: Еве колкава е старосната граница за пензионирање во регионот
Објавено во: Економија 04 Декември, 2024
Предлогот на фискалниот совет да се зголеми старосната граница за пензионирање ја разбранува јавноста, која и онака негодуваше за досегашната старосна граница.
Според нивнот нов предлог, македонските граѓани, од 2026 година, би требало да се пензионираат на 67 години и за мажи и за жени.
Во моментов, осигуреникот во Македонија има право на старосна пензија кога ќе наполни 64 години ако е маж, или 62 години ако е жена и има најмалку 15 години стаж. Деновиве, темата за старосната граница е фискалниот совет предложи од 2026 година да се зголеми старосната граница за пензионирање на 67 години за мажи и за жени.
Колкава е старосната граница за пензионирање во регионот?
Во Србија правото на старосна пензија можат да го остварат мажите на 65 години, а жените на 63 години и шест месеци, со планирано постепено зголемување на 65 години до 2032 година. За да се пензионираат им требаат минимум 15 години стаж.
Во Хрватска старосната граница за пензионирање и за мажите и за жените е иста како и во Србија. Мажите одат во пензија на 65 години и минимум 15 години стаж, а жените на 63 години и шест месеци.
Во Словенија старосната граница за пензионирање е иста за мажите и за жените. Општи услови за пензија се: 60 години старост и 40 години пензиски стаж или 65 години старост и 15 години стаж на осигурување.
Во Федерацијата БиХ услов за пензионирање е 65-годишна возраст и најмалку 15 години стаж. Во старосна пензија можеш да одиш со 40 години стаж, без разлика на возраста. Овие услови важат и за мажите и за жените.
Мажите во Црна Гора стекнуваат право на старосна пензија на возраст од 65 години и најмалку 15 години стаж на осигурување, додека жените се пензионираат под малку поповолни услови. Моментално, за да заминат во пензија им требаат минимум 62 години и девет месеци живот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.