05 Декември, 2025
0.0589

МВР го зајакна возниот парк! Полицијата плати 447.000 евра за бензинци со алумински бандажи, дел се со автоматски менувачи

Објавено во: Финансии 04 Декември, 2024 14:27

Добивај вести на Viber

Петнаесет нови „Шкоди“ ќе ја засилат флотата на МВР. Станува збор за девет „Октавии“ и уште шест „Скали“ со автоматски менувачи со седум брзини. Сите возат на бензин, а просечна цена по автомобил со вклучен ДДВ е 29.800 евра

Министерството за внатрешни работи (МВР) ќе купи 15 нови автомобили од производителот „Шкода“ за кои ќе плати 447.000 евра (со вклучен ДДВ). Тендерот како најповолен понудувач, во конкуренција на три компаии, го добила битолската компанија „Јосифов ДООЕЛ“ која е дилер за автомобили на чешкиот производител „Шкода“.

Станува збор за девет автомобили од моделот „Октавија“ и уште шест возила од моделот „Скала“. Заеднички им се пет работи: сите возила се бензинци, произведени се 2024 година и имаат дисплеј на тач, алумински бандажи и зафатнина на моторот од 1.498 кубици и моќност од 110 киловати односно народски кажано по 150 коњи. Вредно за истакнување е тоа што сите шест автомобили од моделот „Скала“ ќе бидат со автоматски менувач со седум степени + рикверц.

„Јосифов“ како најдобар понудувач освен најниската цена за своите возила дава гаранција од 100.000 изминати километри или возење 3 години. А освен редовен бесплатен сервис во гарантниот рок се обврзал да им менува и балансира летни со зимски гуми во шест ротации (три години н.з.). Исто така „Јосифов“ ќе ги плати и лепењето на полициските возила со налепници кои означуваат полициски возила согласно со правилниците на МВР.

Просечна цена за „Октавија“ е 30.910 евра со ДДВ, а за „Скала“ е 28.140 евра со ДДВ. Со вклучен ДДВ просечната цена што ќе ја плати МВР за секое од овие нови 15 „Шкоди“ е 29.800 евра.

Во спецификацијата, меѓу другото, пишува дека секое од овие возила ќе има сензори за паркирање, дигитално радио и дисплеј на допир (тач) од 8,2 инчи големина.

Повеќе детали за најновата набавка на возила за потребите на МВР е достапна на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/3e7f0fb6-57d2-49fa-b205-818e2911f561

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката

АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката