ЛЕВИЦА: Не за пензија на 67 години - пензионерите нема да ги плаќаат грешките на системот

Објавено во: Економија 03 Декември, 2024
Од Левица остро се спротивставија на предлогот на Фискалниот совет, старосната граница за пензионирање да се зголеми на 67 години.
Велат дека власта наместо да го подобри стандардот на пензионерите, го прави обратното.
„Владата предводена од ДПМНЕ-ВРЕДИ и ЗНАМ, наместо да креира политики за зголемување и подобрување на пензионерскиот стандард - истата работи против интересите на идните пензионери! Загрижувачки се информациите дека Владата, по препорака на Фискалниот совет, има намера да ја зголеми границата за пензионирање на 67 години. Македонија со години се соочува со одлевање на млада и работоспособна сила која поради погрешните трудови политики, приоретизирањето на останати критериуми како етничката припадност, наместо стручноста и компетентноста; поради ниските плати; повредите на работничките права - сѐ повеќе ја бараат среќата вон државата. Ваквите политики коишто Владата има намера да ги преземе, не само што нема да ги задржат младите тука, туку истите, дополнително, ќе стимулираат нивно отселување надвор од државата“, изјави координаторката на Програмскиот сектор Социјала при Политичката партија Левица, Катерина Јовановска.
Левица е категорично против зголемувањето на старосната граница за пензионирање.
„Нашиот став е јасен и непроменлив: Старосната граница за пензионирање треба да се намали на 60 години за жени и 62 години за мажи. Исто така, предлагаме да се утврди минимална пензија и изградба на дополнителни старечки домови. Бидејќи изговорот со кој Фискалниот совет ги предлага овие мерки се надминување на финансискиот јаз и дупка во ПИОМ, ѝ препорачуваме на Владата теретот за лошата ликвидна состојба на ПИОМ да не го префрла врз пензионерите, туку да направи итна ревизија на финансиското работење за ПИОМ, да ги уапси криминогените структури коишто работеа со Фондот и во иднина да креира домаќинско работење на истиот. Левица ќе се спротистави на спроведувањето на ваквите погрешни политики и нема да дозволиме зголемување на старосната граница за одење во пензија!“, вели Јовановска.
Додава дека пензионерите заслужуваат подобар и достоинствен живот.
Можеби ќе ве интересира
ГУМИТЕ СЕПАК ЌЕ СЕ ПРОИЗВЕДУВААТ: „Тигар“ избегна банкрот, државата отвара нови работни места

Тренчевска: Новата програма за помош од 1.000 денари за плаќање струја изоставува голем број граѓани

ИДЕ ВРЕМЕ ЗА ДИВИДЕНДИ! Колкав е дивидендниот потенцијал на трите најголеми банки?

КОЈ ПЛАТИ 920 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА УПРАВУВАЧКИОТ ПАКЕТ НА СТОКОВНА КОРЗО БИТОЛА - какви се плановите на инвеститорот со некогашниот симбол „Јавор“

НА МЛАДИТЕ ИМ ТРЕБА ЏЕПАРЛАК ЗА ИЗЛЕГУВАЊЕ: Можат ли да се социјализираат без да потрошат пари?

Гасна централа е спас за долговите на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА - КЛУЧЕН ЧЕКОР КОН СТАБИЛНА И ОДРЖЛИВА ИДНИНА

КОЈ НЕМА ДА МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Се воведуваат дозволи за патување, некој може да биде одбиен

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ СО НУТЕЛАТА ПО СМРТТА НА НЕЈЗИНИОТ КРЕАТОР? Создаден пред повеќе од 60 години, Италијанците би го ставиле на поштенска марка, но што велат наследниците?
