22 Ноември, 2024
0.0258

Новиот развој на Кина дава нов поттик на светот

Објавено во: Колумни 25 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

„Кина ќебиде добро само кога светот ќе биде добро, и обратно“. На новото патување кон модернизација во кинески стил, забрзувајќи ја изградбата на новиот модел за развој, Кина на светот му дава нов поттик преку новиот развој. Патот на модернизацијата во кинески стил е се поширок и поширок, што е од корист како за себе, така и за светот.

Кина останува посветена на промовирање на win-win соработка, а развојните резултати од модернизацијата во кинески стил можат да бидат од корист за сите земји ширум светот. На неодамнаодржаната седницата за економска работа на Централниот комитет на ККП, беше истакнато дека промовирањето на модернизацијата во кинески стил мора да биде врвен политички приоритет, фокусирајќи се на централната задача на економската конструкција и примарна задача за висококвалитетниот развој. Од јануари до октомври оваа година, билатералниот обем на трговската размена меѓу Кина и Северна Македонија достигна 994 милиони американски долари, што претставува раст од 14,3 проценти на годишно ниво. Кина стана четвртиот најголем трговски партнер на Северна Македонија како и најголем трговски партнер надвор од Европа. Во ноември, амбасадата последователно одржа семинар за медицинска технологија и индустриски инвестиции Кина - Македонија, состанок за размена во областа на медицинската соработка меѓу двете држави, влада – индустрија – универзитет – истражување, како и онлајн Б2Б – конференција Македонија – Нингбо, со цел градење на платформа за размена меѓу релевантните претпријатија од двете земји. Многу од компаниите остварија прелиминарни договори за соработка и во моментов активно ја промовираат имплементацијата на истите. Универзитетот за медицина и здравствени науки во Шангај го основаше Колаборативниот иновативен центар за меѓународен трансфер на биомедицинска технологија меѓу делтата на реката Јангце во Кина и Балканскиот полуостров, во соработка со Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид, Северна Македонија, чија цел е преку заедничко истражување, трансфер на технологија, научна и културна размена итн., да се отвори нов простор за раст и развој на биомедицинската индустрија во Северна Македонија, па дури и на Балканот.  Кина и Северна Македонија исто така имаат широка перспектива и огромен потенцијал за соработка и во областа на трговијата, индустриските инвестиции, новите обновливи извори на енергија, биомедицината и други.

Кина е посветена на отворање кон светот на повисоко ниво, притоа со својот ултра голем пазар обезбедува нов простор за развој за сите земји ширум светот. Седницата за економска работа на ЦК на ККП утврди дека поволните услови со кои се соочува развојот на Кина се посилни од неповолните, а основниот тренд на економско закрепнување и долгорочно подобрување не е променет. Во ноември, во Кина успешно се одржа 6-та меѓународна изложба за увоз на која учествуваа повеќе од 3,400 компании од различни земји. Сумата на договорените и склучените зделки изнесува 78,41 милијарди американски долари што претставува нов историски врв. Оваа година, многу македонски винарии учествуваа на 3-то издание на Експото за земјите од Централна и Источна Европа, на 19-от Меѓународен саем за вино, како и на други изложби организирани во Кина. Македонските вина со висок квалитет стануваат се повеќе популарни кај кинескиот народ. Според податоците на Министерството за трговија на Кина, од 2012 година обемот на трговијата меѓу Кина и земјите од Централна и Источна Европа пораснал со просечна годишна стапка од 8,1 отсто, а увозот на Кина од истите пораснал со просечна годишна стапка од 9,2 отсто, што претставува двојно поголема од стапката на раст на трговијата меѓу Кина и ЕУ и стапката на раст на увозот кон Кина од ЕУ во истиот период. Како што истакна претседателот Си Џинпинг, „Ќе се придржуваме кон висококвалитетен развој, ќе промовираме отворање на високо ниво и ќе ја користиме модернизацијата во кинески стил за да обезбедиме нови можности за истата, за сите земји ширум светот.“ Ова не само што е свечена декларација туку и практично делување од страна на Кина.

Кина упорно го промовираглобалното поврзување и силно го поттикнува светскиот просперитет. Оваа година се одбележува 10-годишнината од иницијативата „Појас и пат“. Во текот на изминатите 10 години, преку заедничката изградба на „Појас и пат“ се создаде нов модел за глобалната поврзаност. Голем број на значајни инфраструктурни проекти, како што е пристаништето Пиреа во Грција, се завршени и ставени во функција.  Товарниот воз Кина-Европа отвори нов канал за копнен транспорт меѓу Азија и Европа, обезбедувајќи силна поддршка за економскиот и социјалниот развој на земјите на „Појас и пат“. Оваа година во Кина успешно се одржа третиот  „Појас и пат“ форум за меѓународна соработка на високо ниво. Повеќе од 10.000 претставници од 151 земја, вклучително и Северна Македонија, и 41 меѓународна организација, се собраа во Пекинг. Претседателот Си Џинпинг објави  осум акции на Кина, за поддршка на висококвалитетната заедничка изградба на Иницијативата „Појас и пат“, притоа отворајќи нова фаза во изградбата на истата. На форумот беа постигнати 458 резултати, беа склучени договори за соработка меѓу претпријатија со вредност од 97,2 милијарди американски долари и беше отворен прозорецот за финансирање на проектите меѓу финансиските институции со вредност од 780 милијарди Ренминби Јуани, обезбедувајќи силна поддршка за практичната соработка во новата фаза на висококвалитетниот развој на иницијативата „ Појас и пат“.

Кина е посветена на промовирање на унапредувањето на координацијата и соработката меѓу големите земји и на градењето рамка за нивните односи што се карактеризира со севкупна стабилност и рамномерен развој. Кина е посветена на развивање пријателски и кооперативни односи со другите земји ширум светот, секогаш застанувајќи на страната на мирот и правдата и играјќи конструктивна улога во решавањето на меѓународните и регионалните критични прашања. Неодамна, претседателот Си Џинпинг и претседателот Бајден се сретнаа во Сан Франциско, САД. Претседателот Си Џинпинг посебно истакна дека невозможно е две големи земји како Кина и САД меѓусебно да не комуницираат и нереално е да се обидуваат да се менуваат едни со други. Никој не може да ги поднесе последиците од конфликтот и конфронтацијата. Дали Кина и САД ќе изберат да го зајакнат единството и соработката или да предизвикаат конфронтација, ќе ја одреди иднината на човештвото и иднината на Земјата. Средбата на претседателите на Кина и САД во Сан Франциско претставува голем настан во историјата на кинеско-американските и меѓународните односи, а нивното постојано унапредување и развој во здрава, стабилна и одржлива насока е во согласност со интересите и желбите на кинескиот и американскиот народ и е во согласност со очекувањата на светот.

Оваа година се одбележуваат 30-години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Кина и Северна Македонија. По тој повод претседателот Си Џинпинг и претседателот Пендаровски разменија честитки, целосно потврдувајќи ги достигнувањата од соработката на различни полиња за време на изминатите 30 години и се согласија оваа 30-годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, да ја земат како нова почетна точка за продлабочување на меѓусебната доверба, пријателство и соработка и за заедничко залагање за посветла иднина за односите Кина – Северна Македонија. Кина е подготвена да соработува со други земји, вклучително и со Северна Македонија, за да ја продлабочи взаемно корисната соработка, заеднички да се гради „Појас и пат“ и да промовира меѓусебно разбирање и градење на заедница со взаемна иднина за човештвото.

Колумна на Џанг Ѕуо, Амбасадор на НР Кина во Македонија

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.