24 Април, 2024
0.0253

Членството во ЕУ не е гаранција за конкурентско земјоделство

Објавено во: Колумни 11 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

 Зачленувањето во Европската Унија предизвикува процес на динамични структурни промени забрзувани во главно под влијание на Заедничката аграрна политика на ЕУ. Се менуваат односите помеѓу растителното и сточарското производство, промени во производната структура на земјоделските производи во однос на секторската подршка. Заедно со позитивните тенденции, примената на Европската (заедничка) политика, предодредена за повисоко економско, технолошко и пазарно ниво на земјоделството, раѓа и многу проблеми. Овие проблеми релативно жестоко се одразија на некои земји примени во последните “квоти“ за прием. Така, се јавува незадоволство од опаѓање на конкурентноста на овошје и зеленчук, овчарство, говедарство и др. Имено, кај овие производства во некои земји дошло до увозна зависност иако пред зачленувањето производите биле вишок и се извезувале. Во една земја до вакви проблеми дошло како резултат на примена на шемата за единствено плаќање по површини, при што некои сектори (гранки) се прогласени за ранливи. Тоа налага продлабочена анализа на тековните структурни промени во соодветните сектори заради правилна и правична расподела на задолжителната подршка поврзана со обврската за одредено производство.

 Што представува моделот ССЕП односно директна финансиска подршка на земјоделството во ЕУ или шема на единствено плаќање по површина? Системот е воведен по системот што сега се применува кај нас, односно (по површина за одделни производства (култури) и по грло добиток), со тоа што сега не е важно што ( кои култури) произведува земјоделецот туку се подржува вкупната користена површина, што се однесува и на сточарските фарми.

Еве на кои поважни производства и како негативно се одразил овој систем кај една земја член на ЕУ со релативно развиено земјоделство.

Производство на зеленчук. Во последните години прогресивно се намалувало вкупното производство. Површините под зеленчук исто така се намалиле, а дошло и до дефицит на домашната потреба од зеленчук. Нивото на просечните приноси на зеленчук значително се пониски од просечните приноси во ЕУ, што е резултат на користење на екстензивни технологии. Специјализацијата во производството на зеленчук опаднала и др.

Овоштарско производство. Површини кои се насадени со трајни овошни насади варирале по години. Се создава нова структура по видови овошни насади, за сметка на јаболки и круши, се шират насади со костилкови видови.

Просечните приноси кај сите видови овошки се ниски, поради високото учество на овошни градини со екстензивен тип на производство. Урнатите хидросистеми ги доведоа до голема зависност овошните видови од климатските фактори и до нестабилно производство. Производството не може да ги задоволи домашните потреби во поголем обем отколку пред членството во ЕУ. Нивото на подршка по линијата на директни плаќања по единица површина не е сообразено со специфичностите во одгледувањето на овошните видови и не покажува осетно влијаниe.

Сточарство. Тенденциите за пораст на просечната големина, како и продлабочувањето на специјализација не води до подобрување на производните и економските резултати. Се намалува производството на кравјо млеко. Нестабилни се по години просечните приноси на млеко. Неефективната работа кај вештачкото оплодување и ветеринарната профилакса се причини за отсуство на модерно говедарство со европски стандарди. Квалитетот на кравјото млеко не е задоволителен како во однос на европскиот просек, така и во однос барањата на преработувачите. Повисок пораст на цените на добиточната храна во однос на пораста на цената на млекото е една од причините за нерационалната исхрана на приплодните грла добиток. Нерационалната исхрана на кравите и зголемување на бројот на заболувања се причини за ниска продуктивност. Бројот на овците се намалил за 6,4%, а исто така се намалила и количината на годишната продукција на млеко како резултат не само намалување на бројот на приплодните (мајки) овци, туку и поради опаѓање на производството на млеко по грло. Неповолните услови за работа во овчарството, нерентабилното производство поради релативно ниските цени на овчите производи, сезонскиот карактер на млекопроизводството и сл. носи загуби. Козарството во годините по влез во ЕУ исто така бројно се намалува особено приплодните грла, а во врска со тоа се намалила и продукцијата на козјо млеко.

Рефлексии врз доходот, како резултат на добиените финансиски средства (директни плаќања), просечниот нето доход на земјоделските стопанства на земјата бележи трајна тенденција на зголемување. Во исто време нето доходот на градинарските стопанства е со сериозна колебливост. Нестабилноста се поврзува со големата зависност од природно – климатските фактори, пазарната конкурентност и социјално – економските услови. Со најниска доходовност се земјоделските стопанатва со трајни насади, како резултат на повеќе проблеми – лоша состојба на насадите и нивна амортизираност, низок степен на нови овошни комплекси, екстензивно производство и др. Овие проблеми заедно со ниските вложувања на капитал и труд во овоштарството се причините за ниска продуктивност и низок доход во овој сектор. Нето доходот кај преживните животни во земјоделските стопанства е исто така незадоволителен и низок најмногу поради ниската просечна млечност, зголемените трошоци и ниските цени на млекото.

Резултатот  од опстојна анализа покажува дека по зачленувањето на земјата во ЕУ,доходите на земјоделските стопанства кај“ранливите“сектори(производства) се многу пониски од просечниот доход на сите земјоделските стопанства во земјата

Проф. Др. Борис Анакиев

             


Можеби ќе ве интересира

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок

Кина и Русија продолжуваат со градењето на мултиполарниот поредок