ДПИ Е НА ТЕРЕН: Дали се почитува училишна кошничка од страна на трговците?
Објавено во: Економија 20 Август, 2025 13:43
Засега нема нарушувања во однос на училишната кошничка, додека Државниот пазарен инспекторат е на терен и гледа дали се почитува договорената училишна кошничка од страна на трговците, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.
-Владата на седницата на 5 август донесе одлука со којашто обезбеди попуст заедно со трговците и снабдувачите на училишниот прибор помеѓу 10 и 15 проценти на маржата во зависност дали е на големо или на мало, а репер е цената од 1 јуни 2025 година. Задача на трговците е да означат која била цената на 1 јуни 2025 година и практично врз основа на тоа да обезбедат попуст меѓу 10 и 15 проценти и да истакнат на влезот од дуќанот натпис „Помалку трошоци, повеќе за вас“, така што Државниот пазарен инспекторат е на терен гледа дали се почитува, засега немаме објективни нарушувања на веќе договореното, рече Мицкоски при посетата на Кочани.
„Училишната кошничка“ стапи во сила на 15 август и ќе трае до 15 септември, и е предвидена да биде олеснување за семејниот буџет на родителите што имаат деца што одат на училиште. Кошничката ги содржи сите неопходни производи за почеток на учебната година по цени на нивото од 1 јуни, односно намалени од 10 до 15 отсто од моменталните.
Со одлуката на Влада од 5 август се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




