Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Објавено во: Македонија 17 Декември, 2025 19:18
Поранешната градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во писмено соопштение испратено до Антикорупцинерите потенцира дека денеска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба до ДКСК по престанокот на функцијата градоначалник. Остро реагираше дека требало да ги известат по мејл, а не преку медиумите.
Арсовска истакнува дека фактот што дури 35 поранешни градоначалници се нашле на истата листа е доказ дека ДКСК потфрлила во својата работа да ги информира.
„Доколку ја извршувавте вашата функција соодветно и доследно, немаше тенденциозно да покренувате јавен линч за деградација. Да бевте професионални, ќе не информиравте лично за обврската или со соопштение, наместо да правите себепромоција преку медиумите“, пишува Арсовска.
Поранешната градоначалничка упати сериозни обвинувања дека Комисијата се занимава со административни прекршоци наместо со вистинскиот криминал.
„Добро ќе беше да сработите нешто за мултимилионската корупција во Македонија и сериозните криминали, вклучувајќи ги и институционалните непостапувања за случаи како трагедијата во Кочани, наместо да се заканувате со прекршочни глоби за обврска за која не сте не информирале“, стои во реакцијата.
Таа побара објаснување за методологијата по која е креирана „црната листа“.
„На кој начин ја креиравте листата каде како број 1 сте го објавиле моето име? Дали е истото сторено по азбучен ред, по возраст, по пол, по тоа кој е најсиромав или по ваше лично убедување како и кому најмногу да му се осветите?“, прашува таа.
На крајот, таа информира дека поднесува Изјава за имотна состојба во која наведува дека нема никакви промени во нејзиниот имот согласно денот на завршување на мандатот.
фото Фејсбук/Данела Арсовска
Можеби ќе ве интересира
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра




