20 Мај, 2024
0.0331

„Комерцијална банка“ ќе дели рекордна дивиденда! Колкава ќе биде?

Објавено во: Економија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Секое физичко лице акционер на „Комерцијална банка“ ќе добие по 495 денари нето дивиденда за секоја своја акција, што е најголем износ на дивиденда што досега го исплатила најголемата македонска банка. Најмногу од дивиденда – околу 2 милиони евра ќе добие „Адора Инженеринг“ – фирмата на Ванчо Чифлиганец

Најголемата домашно поседувана банка „Комерцијална банка“ ја објави предлог одлуката за поделба на дивиденда. Според официјалниот предлог бруто дивидендата за 2019 година по акција изнесува 550 денари. Тоа значи дека по исплата на персоналниот данок на доход секое физичко лице акционер добива по 495 денари за акција на својата транскациска сметка. Вкупниот бруто износ на средства што ќе бидат исплатени на име дивиденда на акционерите на „Комерцијална банка“ е 20,4 милиони евра. Ова е рекордна исплата на дивиденда од „Комерцијална банка“ во македонската корпоративна историја.

Најголем поединечен акционер во „Комерцијална банка“ е скопската градежна компанија „Адора Инженеринг“ која поседува околу 260.000 акции или поточно 11,4 отсто од сите права на глас во банката. Според тоа компанијата на Ванчо Чифлиганец ќе добие околу 2 милиони евра дивиденда од нејзините акции.

Најголемата домашна деловна банка „Комерцијална банка“ лани успеа да оствари нова рекордна добивка од своето основање досега. Оваа банка лани успеа да оствари добивка од 29,4 милиони евра и тоа е за 450.000 евра подобар резултат од претходната 2018 година која за оваа банка беше најуспешна во нејзината корпоративна историја.
Иако дел од инвеститорската заедница очекуваше и подобар резултат мора да се признае дека 2019 година банката успеа да забележи раст на профитот во услови на зголемено кредитирање и генерален пад на каматните стапки.

Нето приходите од камати лани изнесуваат 39,1 милиони евра и се за незабележлива нијанса пониски од претходната година. Тоа намалување е компензирано во целост со значајното зголемување на приходите од провизии и надомстоци кои на нето основа достигнаа 15,4 милиони евра и се повисоки за 1,1 милиони евра во однос на 2018 година. Тие бележат раст за 7,7 отсто на годишно ниво и тоа не е резултат за потценување, напротив.
Значајно намалување има кај ставката останати приходи од дејноста. Лани итие изнесуваат 13,3 милиони евра, а претходната година беа за 9,9 милиони евра повисоки од 2018 година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

АНАЛИЗА: Што ќе се случи со Германија ако си замине од ЕУ?

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра