17 Мај, 2024
0.0392

Криза ли е? Која домашна фирма зашпара 2,6 милиони евра и ги орочи во банка?

Објавено во: Економија 27 Март, 2023

Добивај вести на Viber

За малите акционери во „Макошпед“ добро е тоа што сега знаат дека 2,6 милиони евра од продажбата на недвижен имот, не се дадени во позајмици на братски и сестрински фирми, туку се орочени во девизни и денарски влогови во домашни банки. Помалку добро за нив е тоа што сега може да се помират со тоа дека постот за дивиденда ќе продолжи „до даљнег“...

Скопската шпедиција „Макошпед“ успеа да заштеди 2,6 милиони евра. Оваа компанија лани ги орочи овие пари во девизни и во денарски депозити во домашни деловни банки. И тоа го оствари во деловната година во која компанијата оствари вкупен приход од 1,1 милиони евра.

Како зашпара 2,6 милиони евра од приходи вредни 1,1 милиони евра?

„Макошпед“ лани продаде недвижен имот на локација во близина на македонско-грчката граница кај Битола. Од таа продажба друштвото инкасира над 3 милиони евра. Повеќе детали има на овој линк https://faktor.mk/kade-direktorite-na--makoshped-vlozija-26-milioni-evra

Акционер во „Макошпед“ потврди дека Одборот на директори на ова друштво одлучил најголем дел од парите што се остварени од продажбата да бидат вложени во орочени девизни и денарски депозити.

Одлуката директорите кои го сочинуваат Одборот што управува со „Макошпед“ ја донеле врз основа на Статутот на друштвото и согласно со Законот за трговски друштва.

„Макошпед“ лани оствари вкупни приходи во износ од 1,1 милиони евра од неговото оперативно работење. Оперативните расходи на друштвото беа поголеми од приходите за 120.000 евра, но друштвото заврши со добивка благодарејќи на продажбата на недвижниот имот.

„Макошпед“ има три големи акционери од кои два имаат речиси идентично учество во вкупниот број гласови. „Мепком“ држи 19 отсто од акциите, а „Уготур“ 18,9 отсто. Еден од најбогатите луѓе во земјава Илија Гечев од Кавадарци преку својот челичарски гигант „ИГМ Трејд“ поседува 12,9 отсто од акциите во компанијата. Стерилизарани се 10 отсто од акциите кои се во сопствен откуп и не носат право на глас. Другите 32 отсто се распределени во рацете на повеќе од 600 мали акционери – домашни физички лица.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми компании по добивка во Струмица - Панче Заев и Г'на дебитанти

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

ИЗМАЧУВАЧКО БАВНО ЗАКРЕПНУВАЊЕ: Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

Меѓународните туристи добиваат подобро искуство за патување со преференцијалните мерки на Кина

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

ЗА ДОБРА ГОЛТКА ВИНО СТРАНЦИТЕ НЕ ЖАЛАТ ПАРИ, „ТИКВЕШ“ СО ПРИХОД ОД НАД СЕДУМ МИЛИОНИ ЕВРА - еве колку е чистиот профит за три месеци

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

СЕ БЛИЖАТ ОДМОРИТЕ: Уживањето на плажа се плаќа на рати

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА

АЗЕСКИ НА СРЕДБА СО РАКОВОДСТВОТО НА „КОСТАЛ ГРУПАЦИЈАТА“ ОД ГЕРМАНИЈА