26 Април, 2024
0.0291

Ние сме патриоти, но не сме патриоти

Објавено во: Македонија, Колумни 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Група психолози долго време истражувале постои ли нешто што ја храни шизофренијата. Заклучиле дека тоа го прават конфликтни и контрадикторни пораки, во услови кога нема реална можност за бегство од таквиот начин на комуникација

Што се случува во семејствата?

Некои родители континуирано го критикуваат детето, а кога тоа почнува да реагира со лутина и бес, велат дека е невоспитаноИ повторно, кога се однесува добропродолжуваат да го потсетуваат на „грешките“ и да го критикуваат. Таквите  пораки збунуваат, па детето не знае како да се однесува.

Или, кога детето прашува дали нешто може да направи и добива одговор кој значи и да и не.                  

а може, ама што ако .... ама ако како минатиот пат ... ама знаеш дека тоа не е добро...ама...Ама значи две во едно - може и не може. Како да може и да не може?

Или, кога на училиште родителите дознаваат дека нивниот агресивен син истепал соученик, а тие со насмеан лик му велат: 

-Па добро сине, колку пати зборувавме дека не е во ред тоа да го правиш. Вербално детето слуша дека родителите се загрижени, но невербално чита дека не е баш така. Тоа дете разбира дека не треба, но воедно и дека може да тепа. Како да се однесува?

Амбивалентната и контрадикторна комуникација за детето е збунувачка, но и многу опасна. Родителите ја применуваат веројатно заради анксиозност и несигурност. Заради сопствениот силен страв од можно отфрлањеОваа нивна состојба може да оди до таму што ќе ја спречат секоја можност тоа да добие поддршка од некој член на семејството, или на пример од наставничката на училиште. Тие се чувствуваат толку загрозено од афективното врзување на детето за некој друг, што ќе ја минираат секоја таква релација, па ќе го направат целосно зависно од нив. Понекогаш се и крајно деструктивни, а важно е да се разбере дека ова се по правило трансгенерациски обрасци. Овие луѓе погрешно учеле како да преживеат во своите примарни семејства.

Што му се случува на народот?

Сигурно дека на сите нас влијае секојдневната контрадикторна комуникација во Македонија. Има премногу дупли пораки, со кои некои пациенти прават нови пациенти и ја хранат шизофренијата во која тонеме. Како поинаку да се објасни нашето лудило кога дозволивме криминалци да не се криминалци. 

Можно ли е ние кои ја сакаме Македонијада сме патриоти кои не се патриоти?

Елизабета Петровиќ

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот