26 Април, 2024
0.0264

Плачев кога ја гледав сцената со песната за Лилјана: Актерката што ја игра Силвана Арменулиќ проговори за емоциите кон филмот

Објавено во: Стил 02 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Само десет месеци откако стана мајка по втор пат, Тамара Драгичевиќ повторно застана пред камера во филмот „Тома“ на Драган Бјелогрлиќ. Со улогата на легендарната пејачка Силвана Арменулиќ ги освои срцата на публиката, па добиваше и награди, а круна беше „царица Теодора“ на Филмските средби во Ниш.

Телевизиската публика за прв пат го гледаше филмот „Тома“ вчера на МТВ, а достапен е и на „Gley“. Во интервју за српските медиуми Драгичевиќ вели дека уште не и стивнале впечатоците. 

Нашите обврски во врска со филмот неодамна завршија. Сè уште не сум свесна за тој успех. Ќе ми требаат неколку години, а можеби и десет, за да сфатам каков филм направивме и дали навистина оставивме длабока трага. Сè уште не можам да го гледам како публика, ниту пак да се збогувам со себе и со колегите.

Соработувате со сопругот Петар Бенчин во филмот, но немате заедничка сцена. Дали тоа ве чека во 2022 година?

- Шармот на нашиот бизнис е што никогаш не знаеме што е следно. Во актерството најмногу ми се допаѓа бидејќи не знам кој е следниот телефонски разговор и кој проект ќе работиме. Јас и Петар внимателно ги избираме улогите, но би сакале да споделиме кадар.

Петар игра доктор во филмот „Тома“. Како ја доживеавте неговата сцена во кафаната кога Тома Здравковиќ ја пее „Љиљана“?

- Плачев кога првпат го видов филмот и таа сцена. Бев обична публика и како некој што нема никаква врска со тој проект. Сцената со Петар и Паулин Манов е клучна за целиот филм од аспект на емоции. Мене ми беше прекрасно.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти