Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 27 Мај, 2020
За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и/или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки.
Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање и/или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата. Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.