ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ВО АВГУСТ 31.871 ДЕНАР, ДЗС извади најнови податоци за движењето на примањата на граѓаните
Објавено во: Економија 21 Октомври, 2022 13:15
Августовската нето плата во Македонија изнесувал 31.871 денар, објави Државниот завод за статистика, од каде посочуваат дека индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, во однос на август 2021 година, изнесува 111,3.
- Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 процент) и Уметност, забава и рекреација (15,6 отсто). Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (4,1 отсто), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (3,8 проценти) и Рударство и вадење на камен (3,1 отсто) - се наведува во соопштението на ДЗС.
Од податоците кои ги објавува државниот статистички центар може да се забележи дека на месечно ниво имаме благ пораст, бидејќи во месец јули просечната плата изнесувал 31.812 денари, додека пак во јуни 2022 година, просечната нето плата била 31.869 денари.

Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




