Шалтерски работник во Македонска пошта украл скоро 4000 евра
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2016
Шалтерски работник во Македонска пошта годинава украл скоро 4000 евра.
Б.М.(34) од Гостивар вработен како шалтерски работник во Македонска пошта е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување и злоупотреба на лични податоци.
Во период од 30 јули годинава до 2 септември искористувајќи ја службената положба, во пет случаеви ги злоупотребил личните податоци на граѓанин од Гостивар при исплата на парични средства. Тој украл 238.749 денари, или безмалку 4.000 евра.