ШТЕКЛИ И ПАДНА ВО РАЦЕ НА ПОЛИЦИЈАТА: Пробал да бега, уапсен е во Гевгелија
Објавено во: Македонија 18 Јануари, 2025
Македонската полиција денеска го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираат од МВР.
Дел од македонските медиуми објавија дека тој бил уапсен во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија при обид за бегство. Нагласуваат дека тој се сомничи за трговија на дрога.
Во ноември минатата година беше фрлена експлозивна направа во двор на куќа во населба Керамидница во Скопје, а од експлозијата со повреди се здоби Трајковски, кој беше пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош.
Претходната година, пак, кон него беше пукано во Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.