United group ги презема бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia
Објавено во: Мои пари 15 Февруари, 2021 16:43
United group, водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа, постигна договор за преземање на 100% од основната главнина на бугарските оператори Net1 и ComNet Sofia.
Договорот за преземање беше постигнат покрај аквизицијата на VIVACOM, бугарскиот оператор на United group.
Во рамките на United group, компанијата SBB и нејзините услуги EON и Тотал ТВ работат во Македонија, а медиумската содржина ја емитуваат телевизиите и порталите Sport Klub, Nova S и N1.
Net 1 е меѓу водечките оператори во регионот на Софија што обезбедува Интернет и телевизиски услуги, како и интегрирани телекомуникациски решенија за деловни клиенти, вклучувајќи услуги како што се ИТ поддршка, телефонија и видео надзор.
ComNet Sofia е телекомуникациски оператор кој обезбедува новa генерациja Интернет и телевизиски услуги со сопствена оптичка мрежа.
Договорот, дополнително ќе ја зајакне позицијата на Јунајтед Груп на пазарот во Бугарија како врвен телекомуникациски оператор и лидер во обезбедување висококвалитетни иновативни Интернет и телевизиски услуги. Трансакцијата се очекува да заврши во вториот квартал на 2021 година.
United Group влезе на бугарскиот пазар во 2020 година со преземањето на VIVACOM, најголемиот телекомуникациски оператор во земјата. Во јануари оваа година, United group ја презеде најголемата бугарска медиумска компанија со повеќе платформи, Nova Broadcasting Group и објави дека постигнала договор за преземање на бугарската новинска компанија Vestnik Telegraf EOOD.
За United group:
United Group, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји и на крајот на 2020 година има приближно 10 милиони корисници и 11 илјади вработени. United group има најшироко мрежно покривање во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет.
Значителни инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумска содржина и технологија, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги обезбедува на клиентите. Од март 2019 година, United group е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот.
За повеќе информации - https://united.group/ i http://www.unitedmedia.net
Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија




