24 Октомври, 2024
0.0263

„Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори“: Лефков со остра критика

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Договорите треба да се почитуваат, но тие се двострани, треба да се почитуваат од двете страни. Нашата Влада ќе изготви документ во кој ќе се наведе што не се испочитувано од едната и другата страна. Овие договори, мислам на Преспанскиот, се однесуваат на институциите, а не на човековите права и ги поттикнувам граѓаните да го користат името Македонија. Грција се почесто го користи терминот „Скопје“, а ги нема сменето ни патоказите. Оттука ние треба да се насочиме повеќе кон човековите права, вели Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24.

- Зошто кога се бара почитување од другата страна вие навлегувате во понижување? Вие бевте на власт и не побаравте ниту еднаш овој договор да се почитува и од другата страна. Дозволете да се работи како што треба. И случајот со Грција и со Бугарија се прашања на човекови права. Видовте дека со понижување на јавноста и со уценување на јавноста не се добиваат избори. Вашата влада функционираше како бизнис зделка, а овој договор го користевте како оправдување. Сега се обидувате да го сторите истото иако новата влада не е ни формирана. Заштитете ги граѓаните и побарајте ги нивните права - му рече Лефков на поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостувањето во емисијата.

Лефков вели дека во Уставот нема ниеден член кој забранува да се користи името Македонија, а се што не е забрането е дозволено.

- Нам ни се потребни одговорни институции кои ќе се занимаваат со заштита на граѓаните, а не како досега власт која се занимаваше со бизнис интереси и поделба на граѓаните. План има, дозволете да се формира владата во која секој од министрите ќе се занимава со своите надлежности и ќе ги исполнува своите задачи, вели Лефков. 

Фото: Принтскрин/ТВ24

Можеби ќе ве интересира

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

AA: Спикерот Африм Гаши фотографиран со Никола Митревски - Кољо, осуденик за „27 април“.

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Тага ја зави Струга, исчезнатиот кој отиде по печурки пронајден мртов

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Група навивачи претепале неколку момчиња во центарот на СКопје

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

Член на нарко-картелот „Барон“ јавно и се заблагодари на Силјановска Давкова за помилувањето

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

СДСМ не го честиташе денешниот празник, во ВМРО-ДПМНЕ разочарани

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

ЗОО Скопје: АХв изврши масакр на здрави украсни птици

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Останува забраната за пиење вода од струмичкиот водовод

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Низата на „интересни“ ликови продолжува: Претседателката ја намали казната и на иницијаторот за укинување на Законот за СЈО

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра

Утре Мицкоски ќе ја пречека Фон дер Лајен, потоа исплата од 52 милиони евра