26 Октомври, 2024
0.0299

ГРЧКИОТ АКЦИОНЕР НЕ ЗАСТАНУВА, ВЕЌЕ НАДМИНА 85 ОТСТО - ОКТА целосно преминува во рацете на ЕЛ.П.ЕТ Балканики

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Грчкиот газда не запира, реши целосно да ја купи скопската рафинерија, откако претходно го исплати и ги купи сите акции од македонскиот трговец со нафта, „Пуцко петрол“.
ЕЛ.П.ЕТ. – БАЛКАНИКИ АНОНИМИ ЕТЕРИА ПЕТРЕЛЕУ постојано купува акции во рафинеријата од ситните акционери, и постојано го зголемува својот процент на акции, кој сега изнесува над 85 отсто. 
„ОКТА АД- Скопје објавува дека, по соодветно известување, ЕЛ.П.ЕТ. – БАЛКАНИКИ АНОНИМИ ЕТЕРИА ПЕТРЕЛЕУ ја зголеми својата сопственост за 132 акции, достигнувајќи вкупно 723.770 акции, што одговара на 85,52 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објаваста од компанијата.

ОКТА, покрај Балканики, има и 10 отсто сопствени акции, кои компаниите им е дозволено да ги чуваат до тој процент, поради заштита на вредноста на своите акции.  

Овие 10 отсто акции сигурно вчлегуваат во оние вкупно 10,15 отсто од акциите, кои според ЦДХВ, ги посдуваат седум правни лица во земјава, што значи дека самта ОКТА тука е доминанта со 10 отсто, и уште шест правни лица имаат 0,15 отсто од акциите.

Додека, пак, има 923 домашни физички лица, чии вкупен акционерски пакет е 4,15 отсто, кои се веројатно вработени во рафинеријата или пензионери, и кои сега се повеќе ги продаваат своите акции на Балканики. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

БАНКРОТ НА ПОЗНАТ ЈАПОНСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ТЕЛЕВИЗОРИ: Долгот на компанијата е три милијарди долари

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

„БЛУМБЕРГ“ ТРДИ: Европа не може да се ослободи од зависноста од рускиот гас

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

МАКЕДОНИЈА Е НА ДНОТО ВО РЕГИОНОТ: Имаме најниски плати

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

ХРВАТСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ ЌЕ РАБОТАТ СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕME: Но, има еден услов

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

БОЖИНОВСКА НА СРЕДБА СО ЈАПОНСКИОТ АМБАСАДОР: Зборуваа за соработка во областа на енергетиката, рударството и развојот на минералните суровини

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

СКОПЈАНИ СЕ ЖАЛАТ – РАДИЈАТОРИТЕ ЛАДНИ, СТАНОВИТЕ УШТЕ ПОЛАДНИ: почетокот на грејната сезона со стари проблеми, надлежните уверуваат „работиме согласно правилата“

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ШТО ЈА „СТОПИ“ ДОБИВКАТА НА „ТЕТЕКС“ И КАКО ДИВИДЕНДИТЕ ГО СПАСИЈА ОД ЗАГУБА - комбинатот остана со третина од профитот

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ИНТЕРВЈУ ПЕТАР ЛАЗОВСКИ, МАСИТ: На нашата Годишна конференција треба да дојдат сите што се заинтересирани за иднината на AI во бизнисот и во здравството

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот

ТРГОВЦИТЕ ГО ПРЕТЕРАА: Алчни се, се обидуваат да заработат на грбот на народот