13 Декември, 2025
0.0286

ИТ инженер поставен за нов директор на „Македонски навигации“

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2024 11:58

Добивај вести на Viber

Инженерот по информатика Владимир Ристески од Скопје е назначен за претседател на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација на М-НАВ за контрола на прелети, акционерското друштво кое поради атрактивните плати и сензитивната дејност во изминатиот период беше цел на големи политички влијанија и раздори.

Охриѓанецот Климент Чепуњоски повторно е поставен за директор на техника,откако претходно беше разрешен од таа позиција како свиркач против поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски,во врска со тендерот за набавениот систем од Леонардо. 

Кумановецот Буран Алити е поставен за директор на финансии, правни работи, развој и инвестиции. Од претходно е познато дека нови членови на Надзорниот одбор се Горан Јандреоски, Милорад Милановиќ и Кристијан Михајлоски.

Новото раководство доаѓа на местото на Хекуран Асани, Милан Кораќ и Хасим Деари. Овој менаџмент претходната власт го постави на почетокот на оваа година како замена за претходниот кое го испровоцира скандалот со синдикатото на контролорите.

Пред Нова Година партиски насилници упаднаа во „Македонски навигации“ додека македонското небо го прелетуваа авиони за да се пресметуваат со контролори кои не биле лојални на ДУИ, туку дале поддршка на синдикатот од каде претходно најавија оставки поради несоодветни вработувања во институцијата. 

На раководни позиции во М-НАВ се вработувале и блиски роднини на функционери, а нивната плата изнесува и до 5 500 евра што е многукратно повисока од просечната плата во земјава. Од друга страна и покрај тоа што М-НАВ е акционерско друштво во сопственост на државата, тоа се финансира од сопствени средства кои ги добива од Еуроконтрол (Eurocontrol) за давање на услуги во воздухопловната навигација и нивната намена е јасно дефинирана со ЕУ Регулативата 1794/2006. Според она што е објавено на нивниот сајт парите треба да се користат за да се обезбеди безбедност и сигурност во воздухопловството преку инвестирање во надградба на системите , нивно редовно одржување и вложување во кадарот кој работи таму а што ги опфаќа нивните плати и нивно континуирано стручно оспособување.

Просечната нето плата во центарот за контрола на летови „Македонски навигации“ лани изнесувала 2.480 евра. М-НАВ за 310 вработени во текот на минатата година поделил 562 милиони денари, сума што останала речиси иста како и една година претходно за истиот расход.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија

Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија