Во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од Европа
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2023 16:56
Земјите од североисточна, како и од источна европа на средината од седмицата ќе бидат зафатени од првото влијание на поларниот вртлог кој ќе донесе значително пониски температури на воздухот, но и снег. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.
„Температурите понекаде ќе се спуштаат и под нулата, но сепак овој бран ќе биде далеку од нашиот регион. Како што најавивме кај нас продолжува така нареченото „мини лето”. Врнежи кај нас не се очекуваат. Во следниот период ќе започне да се чувствува силата на зимата во делови од европскиот континент“, вели метеорологот Славчо Попоски.
Од друга страна пак, западот од европа ќе биде многу потопол со невообичаено високи температури на воздухот.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




