20 Мај, 2024
0.0324

ВОНРЕДЕН ИНСПЕКЦИСКИ УВИД ВО ДОЈРАН, ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО:Еве ги заклучоците на инспекторатот

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Врз основа на написи од ден 30.8-среда по социјалните мрежи/портали за масовен помор на риби и ракови во Дојранското Езеро изнесени од политичка партија, Државен Инспектор за животна средина од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Гевгелија изврши вонреден инспекциски увид на лице место во Општина Дојран, Дојранско Езеро потег долж крајбрежјето Камп Партизан до Градска Плажа при што е изготвена и фото документација (слики подолу).

"Нивото на езерото е опаднат како последица на испарување и при увидот е констатирано дека во езерото не се влеваат водите од Хидро Системот Ѓавато.

Колекторскиот систем е во функција, следува нов проект за реконструкција на истиот, добиено известување од ЈКП Полин, Стар Дојран.

На одредени места забележлива е поголема матност на езерските води и присуство на треви во крајбрежјето на езерото.

Од страна на ДИЖС се известени и комуницирани инспектори од Агенцијата за Храна и Ветеринарство и Државниот Инспекторат за Земјоделство од регионот.

Комунициран е и концесионерот Костреж 2018 од село Николич. До ниту една институција вклучително и ДИЖС не е доставена никаква пријава за помор на рибен фонд по официјален пат и расположивите начини (веб пријава, телефон, е-пошта, месинџер).

При увидот визуелно не е забележан угинат примерок од рибниот фонд, а согласно тоа и концесионерот не пријавил никаков помор на риби за кој согласно член 97 од Законот за рибарство и аквакултура е должен да го стори, односно да ги извести МЗШВ и МЖСПП.

Во врска со квалитетот и безбедноста на површинските води мониторинг вршат Институтот за јавно здравје, Скопје и Центарот за јавно здравје-Велес (извештај од ИЈЗ на сликите подолу резултатите се во ред, а од последниот мониторинг од ЦЈЗ Велес извештај ќе биде доставен во текот на ден 01.09, според истиот резултатите се во ред, двапати се вршени анализи во месеците јули и август).

На сликите подолу е поместен и Извештај од направени анализи на отпадните води од Пречистителната станица Дојран од страна на ЦЈЗ Велес, истите се согласно Правилникот, а ДИЖС врши редовни инспекциски надзори кај овој правен субјект.

ДИЖС врши редовни планирани инспекциски надзори кај правните субјекти во Општина Дојран, не се утврдени некакви инциденти во врска со загадување на водите во Дојранското Езеро во последниот период" информираат оттаму.

ФОТО: Фејсбук ДИЖС


Можеби ќе ве интересира

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

Стигна предупредување и од потпретседателот на ЕК за Договорот од Преспа

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ДО КРАЈОТ НА МАЈ ТОПЛО, НО МНОГУ НЕСТАБИЛНО: Се очекуваат нови врнежи, грмежи, силен ветер и локално посилно невреме - можни се локални поројни поплави

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

ЦУК: Извлечен паднат човек во Драгор

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

„БАБА АНКА Е ИЗГУБЕНА, ВЕ МОЛАМ ПОМАГАЈТЕ“: Се бара жена во Скопје, исчезнала во Кисела Вода

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

УШТЕ ЕДНА ГОЛЕМА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Планира да вработи 150 работници во нова инвестиција вредна 80 милиони евра

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

„ПРЕТХОДНО НА ОВАА ТЕРИТОРИЈА ИМАШЕ ДРЖАВА СО ВОДСТВО СО КОЕ НЕ МОЖЕА ДА ИГРААТ МАЈТАП“: Груевски уште еднаш распали, овој пат за Грција и досегашната влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари вели дека нема дефинитивен договор околу поделбата на ресори меѓу ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

НАЈЧЕВСКА: Ситни и покрупни националисти ја прават Македонија анахроно место на живеење

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже