15 Мај, 2024
0.0533

Зошто трите најголеми градежни фирми изгубија 7,6 милиони евра за 3 месеци?

Објавено во: Економија 05 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Приходите од продажба на „Гранит“, „Бетон Скопје“ и на „Бетон Штип“ во првите три месеци годинава паднаа за 468 милиони денари односно за 28 отсто во споредба со истиот период лани. Падот на приходите на градежниците е резултат на помал обем на работа од лани и ако продолжи овој тренд негативно ќе влијае врз други индустриски и услужни дејности кои се контрактори на големите градежни компании. Забавува ли моторот на македонскиот БДП?

Во првиот квартал годинава многу полошо од лани им оди на трите најголеми градежни компании: „Гранит“, „Бетон Скопје“ и на „Бетон Штип“, покажуваат кварталните извештаи на компаниите објавени на Македонската берза.
Трите компании заедно остварија приходи во износ од 1,199 милијарди денари во првите три месеци годинава. Само „Гранит„ во истиот квартал лани имаше речиси толкав приходи од продажба! Дали ова значи дека претстои рецесија на градежниот пазар која значаен број домашни економски експерти ја најавуваа и очекуваа веќе подолго време? Очигледно е дека се појавува недостиг од договори за нови проекти кои досега во најголема мерка овие компании ги склучуваа со Владата.

Што се случува со големите градежни компании?

Скопски „Бетон“ објави пад на приходите од продажба за 45 отсто во првите три месеци годинава во однос на истиот период лани. По него своите биланси на успех ги објавија и „Гранит“ како и штипски „Бетон“. „Гранит“, најголемата од трите најголеми компании, во првите три месеци годинава има пад на приходот од продажба за 19 отсто односно за 190,2 милиони денари. Приходот од продажба за првиот квартал му изнесува 824,1 милиони денари.Многу важно да се истакне за „Гранит“ е тоа што при пад на приходите од продажба за 19 отсто неговите оперативни расходи истанале на исто ниво како лани. Кај најмалиот меѓу трите најголеми – штипскиот „Бетон“ падот на приходите од продажба изнесува 36 отсто односно 72,6 милиони денари. Паралелно со тоа паѓаат и оперативните расходи на штипската градежна компанија и тоа за 35 отсто што укажува дека таа го намалува обемот на работа во споредба со лани. Најголем пад на вредноста на продажбата бележи скопски „Бетон“ и таа надминува 200 милиони денари денари.
Кај трите компании забележливо е дека продуктивноста е пониска од лани односно трошокот за вработените е изразено висок во вкупното ниво на трошоци на компаниите. Ова е показател на тоа дека, и покрај тоа што во зимските месеци интензитетот на работи е понизок,  сепак нивото на приходи од продажба е значително пониско.

Ако се анализира учеството на профитот во приходите од продажба во првиот квартал се доаѓа до сличен заклучок кој може да се изведе и кога се анализираа продуктивноста изразена преку трошоците за вработени и приходите од продажба. Кај скопски „Бетон“ нето профитот е помалку од 1 отсто од приходот од продажба, кај „Гранит“ добивката е 2,7 отсто од приходите од продажба, а кај штипски „Бетон“ таа е 3,1 отсто. 

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

РАСТЕ ЦЕНАТА НА БАКАРОТ: Кој ќе профитира?

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

СОЛИДНА ДНЕВНИЦА, СМЕСТУВАЊЕ И ХРАНА: Србија бара берачи на малини

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

ПРЕСКАПО: Дневен паркинг во Дубровник чини и до 200 евра

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

УТРЕ ПОЧНУВА САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА 2025 - ВО ФОКУСОТ ПРОСПЕРИТЕТОТ И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО ЕРА НА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА И БРЗИ ПРОМЕНИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кој направи преку 30 милиони евра добивка од изградба на станови лани?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се „господарите“ на рентата во Македонија за 2023?

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

КИНА ЈА ЗАБРЗУВА ДИГИТАЛНАТА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ПРОИЗВОДСТВЕНИОТ СЕКТОР - придобивки за компаниите и намалени трошоци

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

ВАКА ММФ ГО ГЛЕДА СВЕТОТ ДО 2026 ГОДИНА: Каде оди глобалната инфлација?

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри

„ЦРВЕНОТО ЗЛАТО“ РЕЧИСИ КАКО ЖОЛТОТО: Цената на малините руши рекорди, ниту кајсиите не се многу подобри