20 Мај, 2024
0.0255

1 година и 1 милијарда долари подоцна Pokémon Go се обидува да ги задржи навивачите

Објавено во: Свет 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Ова време, пред околу една година илјадници луѓе одеа хипнотизирани по улиците и се упатуваа на одредени места во градовите, загледани во своите смартфони. Погледнати од страна, будеа смешни погледи кај околината која не разбираше што прават точно. А тие едноставно играа Pokémon Go.

Манијата по играта на Niantic Labs го зафати целиот свет. Денес, една година подоцна, толпите од играчи ги нема, а Pokémon Go останува во историјата како одеднаш избувнат глобален феномен.

Статистика е импресивна - Pokémon Go генерира приходи од над 1 милијарда долари побрзо од која и да е мобилна игра некогаш, со месечни потрошувачи до околу 65 милиони, пишува Business Insider.

Лидери како извршниот директор на Facebook и Apple - Марк Цукерберг и Тим Кук, едногласно го објавија Pokémon Go за првиот успешен обид за користење на технологијата за додадена реалност на која сите играчи во секторот веќе упатиле амбициозни погледи.

За да го прослави својот прв роденден, Niantic пушта промоција до 24 јули, давајќи им шанса на играчите да го фатат лимитиран Покемон херој Pikachu, како и можност за купување на специјални пакети во виртуелната продавница.

Pokémon Go во бројки

Според аналитичар во фирмата App Annie досега Pokémon Go донел 1,25 милијарди долари приходи во светски рамки.

Растот на корисниците се намалува постојано и кон месец јуни апликацијата регистрирала околу 60 милиони месечни корисници, според податоците на Apptopia. Се забележуваат и некои мали скокови во раст, кои сепак се поврзани со привремените промоции кои ослободуваат различни лимитирани видови Покемон.

Она што следува

Сега, кога првичната манија стивнаа, Niantic започна да се концентрира врз подобрувањето на играта за повеќето лојални играчи. Неодамна беше прогласена најголемото ажурирање на играта Raid Battles, а според зборовите на главниот извршен директор на компанијата Џон Ханке, наскоро може да се очекува појава на битки меѓу играчи.

Niantec подготвува и серија на настани со цел да привлече десетици илјади фанови. Подоцна овој месец ќе се случи првата средба во Чикаго, а потоа се закажани и такви во Јапонија.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

КОЈ Е РАИСИ, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРАН КОЈ ЗАГИНА ВО ПАД НА ХЕЛИКОПТЕР: Борец против сиромаштијата, корупцијата, понижувањето и дискриминацијата

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

„ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕЛ“: Протече првата снимка од соборениот хеликоптер на иранскиот претседател

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС НИЗ ЕВРОПА: Погодени се неколку европски земји

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси