19 Декември, 2025
0.0466

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Кои се кавадаречките милионери за 2023 година?

Објавено во: Економија 20 Мај, 2024 12:35

Добивај вести на Viber

ИГМ-Трејд на Илија Гечев, неодамна неформално прогласен за најбогат Македонец, е на првото место по остварена добивка во 2023 меѓу сите останати во Кавадарци.  Производителот на челични цевки има добивка од 16.000.000 евра за минатата година.

На второто место е винарската визба АД Тиквеш, на групацијата „М-6“ предводена од Светозар Јаневски, а трет е Машинокоп на Лазар Пончев, инаку компанија која е специјализирана за пробивање на траси на патишта и за проширување на рударски окна со минирање. ИГМ-Трејд, АД Тиквеш и Машинокоп се наедно и на листата на Топ-100 компании со најголеми добивки годинава на ниво на целата земја.

Странскиот инвеститор Дракслмајер, кој покрај Кавадарци има и фабрика во Куманово за кабелски сетови за автомобилската индустрија, е на 4.позиција, а по него следува дијализниот центар Нефроплус на Орка Холдинг. 

Холандскиот Алајанс Уан, кој откупува и преработува тутун во објектот под закуп на ИГМ-Трејд, е на шестото место, а седми е Црна Река на Лазар Мицев, еден од најголемите продавачи на нафтени деривати на мало и на големо во земјата.

Поголеми добивки имаат остварено и Екстра 03 за туристички превоз (Екстрабус, агенција) и поштенски пратки на Николина Панчева, како и КАМ Смарк, кој поседува неколку десетици автобуси и комби возила за локален и регионален превоз и е во сопственост на Оливер и Спасија Колеви. Најпопуларни тури на двете компании им се Солун и Острог. А.К.


Извор: Централен регистар




Можеби ќе ве интересира

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?