06 Декември, 2025
0.1006

10 хотели кои се во сопственост на милијардери

Објавено во: Стил 22 Ноември, 2013 14:52

Добивај вести на Viber

Овие хотели се меѓу најдобрите во светот и не е изненадувачки , бидејќи нивните сопственици се познати милијардери кои имаат искуство во индустријата и не страдаат од недостаток на капитал. 10 . The Plaza Hotel , Њујорк  - Тој е во сопственост на израелскиот милијардер Ицках Цува , кој располага со 2,2 милијарди долари , според податоците на магазинот Форбс .  9 . Ritz Carlton , Чикаго - Тој е во сопственост на еден од најбогатите луѓе во Чикаго - Нил Блум со лична состојба - 2,2 милијарди долари. 8 . Las Ventanas , Мексико - Хотелот е на американскиот милијардер Таи Ворнер (2.6 милијарди долари според Форбс ) . 7 . Trump International Hotel , Њујорк - Доналд Трамп располага со богатство од 3,5 милијарди долари . Тој има и други хотели , но овој во Њујорк е најпознат . 6 . Singita Grumeti Reserves , Танзанија - Сопственост е на Американецот Пол Тудор , основач на Тudor Investment Corporation . Според Форбс , тој поседува 3,7 милијарди долари . 5 . French Lick Hotel and Casino , Индија - Сопственост е на Американецот Вилијам Кук , кој располага со 4,5 милијарди долари , според Форбс . 4 . Carlton Hotel - Сент Мориц - Овој хотел е на Швајцарецот Карл Хајнц Кип . 3 . Fancourt Hotel and Country , Јужна Африка - Хотелот е сопственост на најбогатиот човек во Германија - Хасо Платнер . Располага со 8,9 милијарди долари , според Форбс . 2 . Port Ghalib Resort , Египет - Сопственост е на најбогатиот човек во Кувајт - Насар Ал Карафи , кој има нето состојба од 12,4 милијарди долари . 1 . Venetian Macau , Макао - Сопственост е на милијардерот Шелдон Андерсон , CEO на Las Vegas Sands . Андерсон има 28,5 милијарди долари , според податоците на Форбс .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: