10 најпривлечни земји за пензионерски живот!
Објавено во: Стил
06 Јануари, 2013 15:30
Добивај вести на Viber
Со своите ниски трошоци на живот, блага клима и ниските цени на недвижностите, Еквадор веќе петта година по ред е избран за најдобра дестинација за пензионерски живот на Американците и Канаѓаните.
Во редовното годишно истражување порталот „IternationalLiving“, Еквадор по петти пат доби највисоки оценки во оваа категорија. На второ место е Панама, по што како најдобри земји за живот на пензионерите се наведуваат Малезија, Мексико и Коста Рика.
„Мислам дека пресудна е комбинацијата на гостопримството, пријатна клима, ниски цена на имоти и релативната близина на САД", изјави уредникот на порталот Дан Прешер.
Истражувањето се темели врз следниве фактори: трошоци на живот, клима, цените на недвижностите, здравствена заштита, можоста за интеграција на пензионерите во секојдневието како и начини на забава и посебни поволности за пензионерите.
Десетте најатрактивните земји за пензионерски живот ги вклучуваат и Уругвај, Колумбија, Шпанија, Тајланд и Малта.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: