28 Април, 2024
0.0283

10 правила за оставање добар впечаток до претпоставените

Објавено во: Економија 16 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку сакате да напредувате на работното место неопходно е на вашите претпоставени да им оставите добар впечаток и да им покажете дека заслужувате повеќе. Затоа следете неколку правила кои ќе ви помогнат на правилен начин да се насочите.

Завршувајте ги сите мали задачи кои другите ги забораваат

На секое работно место постојат мали работи кои сите ги забораваат, а сепак играат голема улога во целокупното работење. Ако барате лесен начин за да го имплементирате ова, можете на пример да научите како да се справите со факс-машината во секое време кога некој колега ќе заглави. 

Бидете секогаш во тек со сите случувања во вашата фирма

Во која фирма и да работите, мора да знаете што точно работи таа. Бидете најдобри во тоа, па секогаш кога ќе има нови случувања во фирмата, пратете e-mail со известување до сите вработени, вклучувајќи го и шефот.

Одржувајте ја чиста работната околина

Работното биро не треба да биде ни премногу средено, ни премногу растурено. Доколку немате ниедна хартија на бирото, вашиот шеф ќе мисли дека ништо не работите, но истото е и доколку вашето биро е преплавено во хартија... па дали можете да се снајдете во тој хаос?!

Доаѓајте порано и заминувајте си подоцна

Колку што е важен квалитетот на времето што го поминувате на работа, толку е важен и квантитетот. Не дозволувајте си да доцните. Ако работното време ви почнува во 9 ч., најдобро вие да доаѓате во 8:40 ч., така вашиот шеф ќе забележи дека вам ви е важно да стигнете на време на работа. Заминувањето подоцна значи дека вие сте преокупирани со работа и се трудите да ги завршите сите обврски зададени за тој ден.

Читајте

Читајте на работа. Се разбира дека не треба да ги дигнете нозете на маса и да читате списанија, но можете секогаш кога ќе имате малку слободно време да извадите некоја книга или списание, кое има каква било врска со работата во вашата фирма. На овој начин ќе бидете вреднуван вработен, бидејќи ќе знаете повеќе од другите.

Облекувајте се соодветно

Една стара добра поговорка вели „Облекувајте се за работата која ја сакате, а не за работата која ја имате!".

Штедете ги парите на фирмата

Заработувајте повеќе и трошете помалку. Постојат многу начини за да заштедите во компанијата, пр. доколку не трошите непотребно хартија. Еден ден можеби ова ќе ви се исплати. Парите кои сте и ги заштедиле на компанијата може да ви ги дадат вам како бонус. 

Имајте свое мислење

Бидете запознаени со пазарот во кој работи вашата фирма. Давајте ваше реално мислење за како да се подобрат некои работи.

Дојдете подготвени

Дојдете подготвени на работа и останете така преку целиот ден. Потребно е да бидете подготвени за секој разговор, состанок или проект, кој би можеле да го имате во текот на денот. 

Потегнете иницијатива

Ако видите нов проект кој ви отвора можности, зграпчете го! Ако видите дека нешто треба да се направи, направете го. Преземете ризик, скоро секогаш се исплати.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност