24 Ноември, 2024
0.0234

10 принципи по кои живеат хороскопските знаци

Објавено во: Општо 03 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Секој знак е приказна за себе, па така и овие принципи кои се помалку искрени и отворени, можат да ви покажат многу за секој од хороскопските знаци.

Прочитајте ги лошите и добрите страни според хороскопот, сумирани во 10 реченици.

Овен

Подобро е да не се расправаш со мене.
Прво реагирам, потоа размислувам.
Каде што другите стопираат, јас забрзувам.
Секогаш ќе бидам млад.
Прави ги работите како мене, затоа што тоа е најдобриот начин.
Најтешко нешто е да се сослуша другиот додека не заврши.
Тврдоглавоста не е лоша карактеристика.
Лесно ја контролирам ситуацијата, но, тешко ги контролирам емоциите.
Еден како мене во просторијата е доволен, сè друго е премногу.
Никогаш не напаѓам прв, но, доколку ме нападне некој, возвраќам дупло.

Бик

Не трошам многу пари на шопинг, освен кога ми е здодевно.
Не ми треба ништо што не ми припаѓа, ниту пак го делам она што ми припаѓа.
Јас не се расправам, јас сум само искрен.
Не додевам на никој кој мирува.
Подобро е да си во поудобен кревет, отколку на убаво зајдисонце.
Храна: основна и најважна работа.
Кога јадам, светот мора да почека.
Не сакам директно осветлување.
Ги сакам работите наредени по боја и големина.
Дегустатор: професија од соништата

Близнаци

Денеска сум поинаква личност од вчера.
Кој ги има информациите е главен во ситуацијата.
Еден ум е добар, два се уште подобри, посебно кога и двата се мои.
Работите во менито за јадење постојат за да се пробаат сите наеднаш.
Добрите идеи немаат рок.
Еден телевизор во домот е во ред, три телевизори се сосема доволни.
Правилото прв во времето, прв во правото е најдоброто правило.
Сакам кога лесно ги добивам работите.
Во Рим бидете Римјани.
Квантитетот е важен, квалитетот одзема многу време.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.