14 Мај, 2024
0.0241

10 тајни како да станете богати, среќни и успешни!

Објавено во: Стил, Финансии 03 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Секој гледа различно на тоа колку да биде богат, но каква и димензија да наоѓа, едно е сигурно - секој сака да биде богат. И се разбира, успешен, но најмногу среќен. А можете ли да ги имате и трите? Сигурно. Можеби не е лесно, но е можно. Еве како.

Престанете да мислите за парите. Дури и да ви звучи нелогично, концентрирањето врз тоа колку пари правите практично ве оддалечува од работите кои навистина придонесуваат за создавање и зголемување на богатството. Затоа променете ги своите погледи. Гледајте на парите не како на примарна цел, туку како на спореден производ од правењето на вистинските нешта.

Следете на колку луѓе им помагате. Најуспешните луѓе - како финансиски, така и на други начини - помагаат многу. Тие се исклучително добри во тоа да ги разбираат другите и да им помагаат да ги постигнат своите цели. Тие знаат дека сопствениот успех е базиран на овој на луѓето околу нив. Затоа работат силно за да ги направат другите успешни - своите вработени, клиенти, добавувачи.

Не мислете за парите, туку за услугите. Кога имате неколку клиенти, а целта ви е да направите многу пари, барате начини да го задржите и последниот денар од секоја трансакција. Но, кога најдете начин да ракувате со милиони луѓе, ќе видите колку многу повеќе бенефиции ќе ве следат. Со мислењето на клиентите за производите и услугите ќе успеете да го подобрите она што го нудите. Поголем бизнис бара повеќе од вработените, од чие искуство и вештини можете да дознаете многу. Добиј еден милион клиенти, услужете ги добро и парите сами ќе дојдат.

Гледајте на правењето на пари како на начин да правите повеќе работи. Општо земено, постојат два типа на луѓе. Едните кои прават нешта, бидејќи тие им носат пари. Колку повеќе работи направат, толку повеќе пари добиваат. Што точно прават нема значење за нив, колку тоа што им носи пари. Другите сакаат да заработат пари, бидејќи тоа им овозможува да прават повеќе работи. Тие сакаат да ги подобрат своите производи, да го прошират производството, да напишат друга книга, да запишат друга песна или да направат друг филм. Го сакаат она што го прават и гледаат на правење на пари како на начин да се направи нешто повеќе од тоа што го љубат.

Најди среќата во успехот на другите. Големите бизнис тимови заработуваат, бидејќи нивните повеќето талентирани членови се подготвени да се жртвуваат за да ги направат другите среќни. Овие тимови се составени од вработените кои си помагаат, ги знаат улогите, ги остават настрана личните цели и го ставаат успехпт над сè. Од каде доаѓа овој поглед? Од менаџерите. Речиси секој навистина успешен претприемач верува дека голем дел од неговата среќа доаѓа од задоволството да го види успехот на вработените или клиентите.

Воспитајте  во себе чувство на достоинство и почит. Да им дадете на вработените повисока плата, бонуси и можности е навистина важно. Но, ниту еден надоместок не може да го излечи она што недостатокот на почит и правилна проценка може да го направи. Најважно нешто што секој успешен претприемач им го дава на вработените и клиентите, е почитта.

Направете едно нешто подобро од другите. Изберете едно нешто што ќе го правите подобро од другите. Само едно. Фокусирајте на него. Работете. Вежбајте се. Бидете неодоливо критични кон себе. Финансиски успешните луѓе прават барем едно нешто подобро од било кој друг околу нив. Одличните достигнувања водат по себе повеќе почит, висока самооценка, поголемо задоволство и чувство на остварување. Сето ова ве прави богати во нематеријален аспект.

Направете листа на најдобрите луѓе во ова нешто. Како одбравте кој да го вклучите, на каков принцип определивте кој е најдобар, како го оценивте нивниот успех? Користете ги овие критериуми, за да бидете вие ​​на нивно место. Ако сте софтверски програмер, тоа може да е бројот на луѓето кои го користат вашиот софтвер. Наместо само да се восхитуваат на успешните луѓе, побарајте го одговорот на прашањето што ги прави успешни.

Следете го напредокот. Следете го напредокот барем еднаш неделно, без разлика каков критериум сте избрале за евалуација. Може да биде бројот на луѓето на кои сте им помогнале или бројот на клиенти кои ги имате. А може да биде и комбинација од неколку показатели.

Направете план за постигнување на успех. Ако целта ви е да напишете книга од 300 страници за месец и половина, начинот да го постигнете тоа е, да пишувате 4 страници секој ден. Тоа е вашиот план. Ако мислите само за целта, никогаш нема да ја постигнете, но, ако се држите строго до планот кој сте си создале, ќе успеете.