27 Април, 2024
0.8866

10-те најслабо платени работни места во Австралија

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Иако звучи како клише, но готвач во рестораните за брза храна е најмалку профитабилна работа во Австралија, се вели во извештајот Заводот за статистика во Австралија (ABS). Мајсторите за подготовка на хамбургери, хот-дог, помфрит имаа просечна годишна плата од 37 705 австралиски долари (€ 26,500). Втората најниско платена работа е онаа како персонал во кујната, заа миење садови, касиерот и вратарите кои добиваат по 38 054 австралиски долари годишно (околу 27.000 евра). Иако е интересно да се биде туристички водич, овде нема голем  профит, бидејќи ова занимање е трето помеѓу најниските плати во Австралија. Годишна плата за рафтинг водич, водич за лов и риболов, како и оние кои се запознаени со австралиската дивина изнесува 38.319 австралиски долари ( 27.000 евра) На четврто место се фризрите кои имаат годишна платаод 38,865 долари (27.500 евра), а Австралијците редовно се жалат дека ваквите цената на миење, сушење и средување на косат им се прескапи. Петти најмалку платени се вработените на машина за шиење во текстилната индустрија и во фабриките, па на годишно ниво добиваат 39.250 австралиски долари (27.775 евра). Асистентите за продажба во аптеките, со годишна плата од 39.369 австралиски долари (27.860 евра) се помеѓу работниците со најниски примања во државата(на 6-то место), и се многу помалку платени од продажните асистенти во другите сектори. Така на пример продавач на моторни возила годишно заработува 68.260 австралиски долари. Седма најниско платена работа во Австралија имаат козметичарите кои годишно заработуваат 40,165 австралиски долари (околу 28.500 евра). Додека келнерите во кафулињата имаат слични обврски како келнери и готвачи во рестораните, сепак нивната годишна плата е пониска. Така, просечната годишна плата на келнер во кафуле е 40,420 австралиски долари (28.600 евра, додека готвачита заработуваат во просек по 44.215 австралиски долари годишно. И ветеринарните техничари имаат ниска годишна плата од 41,376 долари (помалку од 30.000 евра), додека платите на ветеринарите се за 35 отсто повисоки, 57.439 AUD. На десетото место се најдоа келнерите кои работат во ресторани и хотели. Тие заработуваат повеќе отколку нивните колеги во баровите, но помалку од готвачите. Нивната годишна плата е 41.909 австралиски долари (29.650 €).

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти